Женско ноќно трчање по повод 8 март

Една активна група на жени од Македонија овој 8 март имаат идеја да го посветат на важноста за одржување на вашето здравје преку рекреацијата и спортот. Ако сте од оние кои го делат ова мислење и сакаат да направат нешто поразлично за овој празник тогаш приклучете се во иницијативата наречена Женско ноќно трчање. 

Овој вторник на 8 март со старт во 20 часот од плоштадот Македонија, понежната половина на Скопско ноќно трчање ќе организира отворена и неформална женска трчанка низ улиците на Скопје. 

Поканети се сите девојки, мајки и жени кои сакаат да истрчаат низ градот празнична рута во должина од 5 км, а темпото ќе биде прилагодено на кондицијата на мнозинството. Идејата е да се покаже дека свеста за одржувањето на здравјето и спортувањето кај женската популација во нашата држава е на високо ниво и дека празникот може да се помине активно и во фино дружење заедно со екипата на СНР. 

Повеќе информации за настанот можете да најдете ТУКА

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија