Седмо издание на најголемата планинска трка во Македонија – Крали Марко Треилс –

Овој викенд повеќе од 450 натпреварувачи беа дел од уникатниот спортско-рекреативен настан во планинско трчање Крали Марко Треилс кој се одржува во регионот на Марковите Кули и прилепската околија.

На ова издание организаторите понудија четири трки за возрасни и една детска трка на кои учествуваа околу 460 натпреварувачи на различните дистанци од 1, 16, 31, 65 и 110 километри. Настанот започна на 22.09 во 23 часот со старт на единствената ултра-маратонска дистанца во Македонија – Крали Марко Ултра Треил на која стартуваат 41 натпреварувач.

Временскиот лимит за исполнување на оваа тешка и авантуристичка задача беше 30 часа, а истиот успешно го завршија 33 натпреварувачи.

Победници на трката на 110км се Александар Стојкоски од Прилеп со време од 14:18, втор беше Чарли Шарп од Велика Британија – 15:15, а трет Константин Атанасов од Бугарија со време од 15:26.

Во женска конкуренција подиумот на најдолгата дистанца по четврта година за ред го зема Марија Николова од Бугарија – 15:26, втора беше Десислава Цветанова 22:59, а трета Аринета Мула 28:00 часа.

Трката Козјак треил на 65 километри беше зачинета со одлични времиња во машка конкуренција каде Александар Кирковски 7:03, Марјан Бонев 7:16 и Дејан Тодевски 7:20 успеаја да завршат пред рекордот на стазата од 2015 година поставен од Жикица Ивановски.

Во женска конкуренција прва беше Мери Мирческа 8:40, втора Јорданка Петрушевска 10:44, а трета Албулена Малики од Косово 11:06.

Трката на 31 км – Камена Баба Треил заврши со следните резултати:

Слободан Стаматовски 3:20
Срѓан Милошевски 3:24
Димитар Тодоровски 3:30

Сања Костуранова 3:19
Благица Јованова 3:29
Даринка Буровска 4:04

На најкратката и најмасовна трка Трексавец Треил првопласирани се

Штефан Уебел 1:22
Кристијан Наумовски 1:34
Виктор Ефремов 1:35

Талија Петреска 2:00
Антонија Брезовска 2:01
Северин Бојаџиев 2:02

Детската трка Маркукуле треил беше одлична дополна на возбудливиот викенд. На истата се појавија повеќе од 100 дечиња од околните училишта.

Организатор на настанот е здружението ТРЕКС од Скопје, ПСД Макпетрол и Општина Прилеп.

Официјалните резултати ќе ги најдете на следниот линк

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија