СЦ „Борис Трајковски“ го скрши мразот за оваа сезона

Со одигрување на првиот натпревар од Турнирот во хокеј на мраз официјално беше отворена новата, комплетно опремена арена за хокеј на мраз што граѓаните ќе ја имаат на располагање наредните зими, единствено во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Нашиот тим беше на лице место да сними малку хокеј во живо.

Турнирот првично беше закажан да стартува на 13ти ноември во чест на одбележувањето на денот на ослободувањето на Скопје, но поради технички причини беше поместен за еден ден. Вчера, на 14.11.2013 свечено беше отворена хокеј арената со одигрувањето на натрпреварот помеѓу  ХК „Белкамнефт“ од Ижевск, Русија и ХК „Kaiserslautern Eagles“ од Кајзерслаутерн, Германија кој заврши 12:1 за Русите.

Аматерскиот хокеј турнир ќе трае до сабота, а останатите два клуба кој ќе земат учество се ХК „СССР“ од Москва, Русија и како домашни претставници се ХК „Вардар СЦБТ“ од Скопје. 

Со отварањето на новата арена се очекува популаризација на овој спорт кој е малку познат на наше тло. Школата за хокеј која веќе има база на млади дечиња сега ќе има можност да функционира во соодветни услови, а од Хокеј Федерацијата на Македонија се очекува дополнително да развие клубови доволни за формирање на лига и учество на меѓународни натпреварувања. 

Ажурираниот распоред за турнирот може да го најдете тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија