Велосипедско оживување на еден прекрасен регион

Разгледница од Мариово

Црпејќи инспирација од инспирацијата на Манчевски решивме да ви направиме разгледница од Мариово. Максимално се потрудивме затоа што местово и настанов несомнено заслужуваат повеќе.

После видеово не сакаме многу многу да говориме затоа што сметаме дека кажавме и повеќе од доволно. Се заблагодаруваме на организаторите за прекрасниот вело фестивал кој се одржа на уште попрекрасно место, на сите кои допринесоа ова видео да изгледа поубаво и на сите оние кои дојдоа и си поминаа фантастично.

И едно ќе ви кажеме: Запознајте си го своето парче земја и спортувајте во него. Здрави, весели и насмеани, до следното видување…

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија