Сечење лента во Sport Inn Center во Скопје

Оваа среда на 22.05 имавме можност да присуствуваме на отварањето на новиот спортски центар SportInn во Скопје кој нуди малку поинаков сет на фитнес програми и услуги кои ги нема на нашите простори. Отварањето беше кул, и изгледаше некако вака! 

SportInn претставува првиот официјален и сертифициран Spinning центар во државава каде љубителите на спортот и рекреација ќе може да го искусат малку поактивниот начин на вежбање на фиксен велосипед. 

Во склоп на центарот, покрај Spinning програмите, ќе се нудат и “Full Body System” програми за вежбање, а во спа центарот ќе имаме можност за “Sport Recovery Spa”.

 Галеријата може да ја погледнете тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија