Нека те плаќаат за твоите здрави навики

Ако сте од оние кои сакаат да го монетизираат нивниот здрав животен стил, кликајте…

 

Дап, ви го претставуваме Pact или GymPact (како на нашки пакт/сојуз) апликацијата која што може да ви даде некој денар за вашето вежбање и здрав живот, ама може и сериозно да ве плесне по џеб ако не си го исполните вашиот дел.

Како работи? Ја симнувате апликацијата, се логирате, ја логирате и вашата дебела картица, избирате некоја од нивните пактови и фиктивно подавате рака. На репертоарот од Пакт сега за сега има три договори за склучување. Следење на одреден број на тренинзи на недела, јадење одреден број на порции зеленчук или овошје и следење на она што го јадете на дневно ниво.

Во зависност од каков пакт сте склучиле со самата апликација, вашите шанси за заработка се дважат од околу 0,5 до 0,75 долари од исполнета вежба или некаде до 5 долари ако работите напорно на недела. Спортивно на ова, задолжтелно склучувате и договор за паричниот надомест кој што вие ќе треба да го платите кога нема да исполните некоја вежба кој изнесува минимум 5 долари, а максимум 50.

Апликацијата ве исплаќа на принципот на пари собрани од неисполнителни клиенти, а доколку мислите дека може некако да мамите, за тоа се задолжени параметри на следење на активноста како и склучен договор со други апликации како Runkeeper и MyFitnessPal преку кои можете да ги префрлите податоците. Во врска со следењето на оброците, некогаш дополнително ќе биде потребно да испратите слика од вашата чинија.

Како што читавме на нет, апликацијава навистина функционира, а ние уште ја немаме пробано само затоа што немаме никаква потреба да бидеме платени за нашето здравје, но сепак може да послужи како добра мотивациона алатка за голем број на луѓе кои што им треба некој да ги подбутне за да запалат.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија