Маја Бошкоска се искачи на Аконкагва

На 13.02.2018 година, нашата млада планинарка од ПК Кораб – Маја Бошкоска, успеа да се искачи на највисокиот врв на јужната и западната полутопка – Аконкагва 6962 м.н.в во масивот Анди и со ова да стане третата жена од Македонија која успешно го искачува врвот. 

Маја беше дел од мешана експедиција од Екс Ју просторите составена од Зоран Павловиќ (водич), Драган Богдановиќ, Андреј Петелин, Јернеј Нејц Швигељ и Каролина Илич.

Според информациите, екипата немала поголеми проблеми во текот на аклиматизацијата и искачувањето на врвот кој, воедно, претставува највисок врв надвор од азискиот континент. 

Досега од Македонија, Аконкагва ја имаат искачено две жени – Илина Арсова во 2010 година и Виолета Велкоска во 2012. Маја Бошкоска е третата Македонка која го искачува врвот. 

Од врвот на Аргентина и пошироко, таа ја испрати оваа порака:  

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија