Илина Арсова и „ТАКТ“ го носат телемарк скијањето во Македонија

Една од најстарите форми на скијање во светот оваа зима ќе има достојна промоција на нашите планини во посредство на невладината организацијаТАКТи Илина Арсова. Право на учество има секој, без разлика дали има претходно познавање од скијањето (било на регуларен начин или пак на овој) или пак е целосен почетник. 

Телемарк скијањето е техника која што комбинира елементи од алпското и нордиското скијање. Дисциплината го добива името од местото од каде што потекнува, Телемарк во Норвешка и се смета за една од најстарите форми на скијање. 

Опремата која се користи за овој тип е всушност кованица од алпски и нордиски скијачки елементи односно таа е комбинација од скии за алпско скијање заедно со нордиски тип на везови (со слободна пета). Специфичниот тип на самата опрема која се користи во дисциплината изискува и посебна техника на скијање која се одликува со карактеристични потклекнувања кога се прават завоите.

Move your feet, free your heel: Telemark!

На средина на февруари, нашите граѓани за првпат ќе имаат можност да се запознаат со оваа техника на скијање на настанот „Телемарк (Р)еволушн“ кој ќе се одржи во текот на четири дена, од 14 до 17 февруари на повеќе различни планини во Македонија. Во текот на овие денови љубителите на снежни спортови ќе имаат можност да присуствуваат на обука водена од страна на италијанската телемарк асоцијација „Телемарк Сноу Ивентс“ а организирана од невладината организација ТАКТ и Илина Арсова. 

Отварањето е закажано за 14 февруари во Маврово во 8:30 минути каде што преку краток вовед и теоретски дел воден од страна на професорот Горан Никовски од Факултетот за физичка култура ќе се премине на практичните делови на демонстрација на падините. 15-ти февруари исто така е закажан за практични елементи водени на скијачкиот центар „Заре Лазаревски“. 

Наредниот ден, 16 февруари обуката ќе се префрли на Попова Шапка каде што инструкторите ќе ја продолжат обуката, а вечерта се оди за Охрид кадешто наредниот ден во зависност од условите ќе се одбере Галичица или Пелистер за понатамошна демонстрација и тура на нашите планини. 

Поради специфичноста на самата опрема, италијанската телемарк асоцијација ќе донесе повеќе парови на скии и кондури во различни големини кои ќе бидат на располагање на оние кои ќе се пријават за обуката. 

Во разговор со Илина Арсова таа ни откри дека ќе се формираат две групи, скијачи и нескијачи на самата обука односно, настанот ќе биде отворен за сите луѓе. Важно е единствено да се има желба и заинтересираните навремено да се пријават (до 11 февруари) на [email protected]

Во пријавата треба да се наведат: Име и презиме, контакт телефон, број на чевли, висина, тежина и скијачко искуство + (едно од предложениве) прв пат на скии, рекреативец или напреден скијач.

Котизација за користење на самата опрема и следење на курсот е бесплатна, но луѓето ќе треба да си обезбедат превоз, ски карта, сместување и мал придонес за трошоците за организацијата. 

Во продолжение следи деталната понуда: 

– Еднодневно учество – Маврово 14 или 15 Февруари – Цена 1300 денари
Вклучува: Ски карта за мин. 3 часа Телемарк обука, учество на теоретско предавање, свеченост дсо дегустација на Македонски производи и попладневна видео презентација.

– Еднодневно учество – Шапка 16 Февруари – Цена: 1300 денари
Вклучува: Ски карта со неколку часовна Телемарк обука, заеднички ручек и краток теоретски вовед.

плаќањето ќе се врши на лице место, но регистрацијата за настанот е задолжителна.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија