Џабе вежбаме ако остатокот од денот го седиме

Веќе е научно докажано дека седењето е катастрофа за здравјето. Сега испадна дека тоа има страшна тенденција да ги збрише дури и придобивките од вежбањето што го правиме.

Идејата дека седењето по цел ден на работно место или по дома, ги лимитира позитивните ефекти од вежбањето или било кои форми на физичка активност моментално е широко дискутирана и истражувана.

Во поголема студија од Австралија, која опфати повеќе од 200,000 луѓе на возраст од 45 или постари беше констатирано токму тоа. Доколку поголемиот ден од денот го поминуваме во седечка положба, на работно место или било каде, всушност, се намалуваат позитивностите од физичката активност, особено кај луѓе кои веќе имаат срцево заболување или дијабетес.

Луѓето беа категоризирани во 4 групи според минутите кои ги поминуваат во физичка активност на неделно ниво (од 0 минути до 300 и повеќе), а исто така беа категоризирани и во 4 други групи во зависност од колку саати поминувале во седење на дневно ниво (од помалку од 4 до 11 и повеќе часови на ден).

Статистички беше направена табела 4×4 со цел да се споредат резултатите собирани во текот на 3 години. 

Резултатите покажаа доза на асоцираност помеѓу седењето и морталитетот од било каква природа, што е веќе јасно, а било какво вежбање само малку ја намалувало оваа поврзаност.

Но, позастрашувачки биле резултатите од 50,000 луѓе кои веќе имале срцево заболување или дијабет пред почетокот на студијата. Во таа група, седењето буквално ги збришало сите бенефити од било каквата физичка активност.

Авторот на студијата изјавува: 

  • „Продолженото седење е ризик фактор за морталитето од било каква природа, независно од физичката активност. Програмите за јавно здравје треба да се фокусираат на советување за намалување на времетрањето во седечка положба како додаток на зголемувањето на физичка активност.“

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија