До каде е оваа точкарска иновација?

Започнува со човекот кој од мали нозе вози точак со Крис Фрум, победникот на Тур де Франс за 2013, а преку серијата на сериозни велосипедски несреќи и повреди во една општествена кампања, започнува самата генеза на проектот, малку поинаков навигациски уред за велосипедисти.

Се работи за Hammerhead Navigation, мала минималистички издизајнирана направа која има форма на ајкулата „чекан“, од таму и името, а има задача да ве однесе таму каде што треба, но и да ја зголеми безбедност на велосипедистот со што поедноставените дирекциите за навигација многу малку го одземаат вниманието.

Направата има облик на буквата Т со едно единствено копче на дното, и LED сијалички кои светат во зависност од тоа дали треба да свртите лево или десно, во зависност до каде сте во рутата (односно уште колку имате за возење) и странични кои го осветлуваат самиот велосипед.

И ништо повеќе, бидејќи главната работа на навигацијата е да не замара со непотребни информации туку едноставно да го насочи велосипедистот на правиот пат. 

Навигацијата ќе има апликација за смартфони преку која ќе ги добива ГПС информациите, а отворената платформа ќе овозможи информациите да се стримуваат на било која друга апликација (Strava, MapMyRide).

Се започнува кога Пит Морган, главниот иноватор и другарче на Крис Фрум доаѓа во Америка да студира и зазема учество во кампања за подигнување на свеста за возење на точак која се вози од Конетикат до Сан Франциско низ цела Америка во ширина. На таа кампања се случиле огромен број на несреќи меѓу кои и една потешка. 

Спред Пит, возењето на отворено имало доста пропусти и „дупки“, па тоа бил моментот на одлука како би се стартувал овој проект за зголемување на безбедноста на велосипедистите. 

За неколку дена, хардверот на отворената платформа за инвестирање Dragon Innovations веќе има собрано 46,127 долари, а остануваат уште 18 дена за потребните 145,000 како би се почнал проектот на големо.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија