полу-колелото из целия свят

Бугарскиот „Полу-велосипед” веќе се вози низ светот

Да не се чудите дека идејата на двајца комшиски архитекти наречена „Полу-колело”, во превод полу-точак наменет главно за транспорт низ урбана џунгла на Кикстартер им помина ко алва. Дечките веќе собраа скоро милион долари (а молеа за 50 илјади) од целиот свет и нивниот прототип веќе започнува со помасовна изработка.

Полу-колело е проект на двајца бугарски архитекти Мартин Ангелов и Михаил Кленов кој уште од 2009 година стои во фиока, а тек минатата започна повторно да се воздигнува. Се работи за хибриден тип на урбано превозно средство кое е всушност пола од обичниот велосипед и со тоа зафаќа многу помалку простор, се склопува во уште помала верзија, лесен е за транспорт и складирање, а може да ви ја заврши истата (па можеби и подобра, ако има гужва) работа како и обичен велосипед. 

Згора на тоа, дизајнот му е лудило, со интересно свиен рам, едно поголемо предно тркало и две мали задни, и многу мали рачки за управување. Впрочем, управувањето не е со вртење на рачките лево и десно, туку со наведнување на целото тело. 

Идејата се развила откако Мартин се преселил во многу мал стан за живеење па морал неговиот велосипед да го остава во подрум што му претставувало крајно непрактично. Двајцата дипломирани архитекти започнале со скиците и обмислувањето на полу-точакот уште во 2009 година, а првиот прототип го изградиле од стар велосипед и тој воопшто не бил погоден за возење. 

Тие ја поставија нивната замисла на краудфандинг платформата Кикстартер во април оваа година и низ целиот свет таа наиде на доста големо одобрување. Моментално тие имаат собрано скоро цел милион долари од пред-нарачки и донации со што производството е веќе отпочнато, а пратките на некои луѓе се веќе стигнати. 

За повеќе инфо ТУКА 

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија