Содржина

Услови

Добре дојдовте на www.karas4training.com, локален и глобален веб-портал, социјална мрежа и блог или со еден збор социјален веб портал, кој го обединува активното општество преку постојана размена на корисни информации во врска со спорт, тренинг, рекреација, рехабилитација и исхрана. Услугите коишто Ви ги нудиме на овој портал се состојат во презентирање на новости, настани, тренинзи, исхрана како и собирање и презентирање профили на луѓе и места во Р. Македонија и пошироко, a кои се од посебен интерес за сите корисници на порталот. Ние податоците ги собираме и ги дистрибуираме како поединечни и/или групирани информации на начин кој е ефикасен за нивно брзо и лесно пронаоѓање. Профилите се однесуваат на места за спорт/ рекреација/ рехабилитација/ исхрана, услугите кои тие ги нудат, како и на луѓе кои се бават со спорт, рехабилитација, исхрана и рекреативци, во сите спортски категории. Како извор на информации користиме податоци собрани од сопствените истражувања, од официјални спортски извори, како и податоци кои корисниците на овој социјален веб портал доброволно ќе ни ги дадат.

Ве молиме внимателно да ги прочитате условите за користење пред да пристапите да го користите или пребарувате овој социјален веб портал. Условите за користење го уредуваат вашиот пристап и начинот на користење на социјалниот веб портал. Со самиот факт што сте пристапиле и го користите социјалниот веб портал www.karas4training.com изјавувате дека ги прифаќате условите и правилата за користење. Имено, како корисник на нашиот социјален веб портал, при регистрација, е потребно да го обележите копчето „се согласувам“ или пак со самото пристапување, користење или пребарување низ овој социјален веб портал или на некој материјал од него, Вие, во Ваше име или во име на Вашата компанија, колку што е тоа применливо, прифаќате и потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте согласни со сите правила и услови за користење. Ако пристапувате, го користите или пребарувате социјалниот веб портал во име на приватна, или во име на фирма во државна сопственост, Вие прифаќате дека сте овластени и можете да ја обврзете Вашата компанија кон сите правила и услови за користење согласно со овој договор. Правото на користење на социјалниот веб портал е Ваше лично право и не може да го пренесувате на друго физичко или правно лице. Заштитата на доверливоста на Вашата лозинка е Ваша одговорност. Ако Вие или Вашата компанија, како што е соодветно, не сте согласни да се обврзете кон сите правила и услови за користење и доколку не ги прифаќате условите за користење Ве молиме да се воздржите од пристапот и од користењето на нашиот социјален веб портал. 

Промени на содржината и откажувања

Напомeнуваме дека ние го задржуваме правото за промени во кое било време и од кои било причини на Условите за користење и Политиката на приватност. Промените влегуваат во сила со нивното објавување на социјалниот веб портал. Ви препорачуваме, повремено да ги проверувате Условите за користење и Политиката на приватност, бидејќи користењето на социјалниот веб портал од Ваша страна по извршените промени, ќе значи дека сте согласни со промените и дека ги прифаќате. Ние може да ги откажеме или суспендираме услугите и Вашиот приод во кое било време, без најава или други причини. Вие, исто така, може да го откажете користењето на социјалниот веб портал во кое било време без најава или од кои било причини.

Напомена

Социјалниот веб портал www.karas4training.com е македонски проект со тенденција да се шири на меѓународно ниво и како резултат на тоа на нашиот социјален веб портал ќе најдете податоци за спортски места, спортско-рекреативни услуги и индивидуалци од областа на спортот во Република Македонија и за земјите во регионот. При пристапувањето кон одделните делови од социјалниот веб портал кои се однесуваат на друга земја и се изготвени на јазиците на одделните земји, Ве молиме внимателно да ги прочитате условите за користење и политиките за приватност, кои може да се разликуваат во зависност од законите кои се таму применливи.

Услуги кои ги нудиме

Социјалниот веб портал www.karas4training.com посредува во давањето одредени дефинирани и насочени информации на своите корисници за места за спорт/рекреација/рехабилитација/исхрана, спортски услуги и индивидуалци кои професионално или аматерски се занимаваат со некој спорт или се дел од стручниот спортски штаб. Информациите се презентирани во вид на профили со стандарден и систематизиран формат едноставен за следење и споредба. Постојат индивидуални профили на про/аматер спортисти, тренери/инструктори и логистика за чие креирање тие сами ги поднесуваат информациите поврзани со нивниот професионален ангажман. Вториот вид се профили на спортски компании, клубови и локации согласно со нашата класификација. Сите описни информации за спортските места се состојат од општи и специфични информации. Информациите објавени на www.karas4training.com  се добиени од местата за спорт и рекреација, преку креирање на нивни профили, развој и примена на методологии за нивно субјективно и објективно категоризирање, како и собирање на податоци од про/аматер спортисти, тренери/иструктори и логистика кои се наменети за создавање на можности за воспоставување и зајакнување на соработката помеѓу лицата кои се занимаваат со спорт на интернационално ниво. Ние вршиме систематизација, селекција и уредување на овие податоци на социјалниот веб портал и вршиме нивна дистрибуција до крајните корисници.

Напомена

Информациите за луѓето и местата кои се содржат на www.karas4training.com не претставуваат факти или препораки од наша страна за да се користи услуга од некое место за спорт/ рекреација, ниту пак тие претставуваат замена за комуникација и соработка во живо. Ние не нудиме совет за квалитетот или поволностите на некое спортско место. Нашата цел е да им овозможиме на нашите корисници збир од корисни информации кои може да им помогнат при изборот на место за спорт или да најдат луѓе за професионална соработка или некој што дели иста спортска пасија. При секоја одлука за избор на определено место за спорт или спортска услуга од можностите кои се презентирани на нашиот социјален веб портал Ви препорачуваме дополнително да се консултирате за да добиете конкретни информации поврзани со квалитетот, изборот и цената на бараните услуги. Вие како корисник на нашиот социјален веб портал ја преземате целата одговорност во врска со изборот на компанијата/локацијата/клубот, спортската услуга или изборот на спортското лице без разлика дали информацијата сте ја добиле од нас или не. Ние не сме одговорни за никаков вид преземени обврски, за дадени совети или други услуги, ниту за тврдења за злоупотреби и други тврдења кои можат да произлезат директно или индиректно од ваков совет или друга услуга. Одговорноста е на компанијата/локацијата/клубот/лицето кој ја овозможил/дал услугата.

Начин на користење на социјалниот веб портал

Со самото пристапување на нашиот социјален веб портал или со одбележување на делот „се согласувам“, при регистрацијата, ние Ви доделуваме повратно, неексклузивно и ограничено право и лиценца за пристап и пребарување на социјалниот веб портал и материјалите од него. Можете да копирате, симнувате, чувате и/или печатите само една копија од кој било материјал на социјалниот веб портал, единствено за Ваша некомерцијална, лична употреба која не е за продавање, откривање или дистрибуција до некој друг. Во однос на секое дозволено копирање на материјалите од социјалниот веб портал, крајниот корисник е обврзан да ги почитува важечите прописи во Република Македонија и прописите на земјите кои се вклучени во франчизата на социјалниот веб портал karas4training.com особено во однос на авторското право, доверливоста и други правила за сопственост кои се дел од материјалите на социјалниот веб портал и кои треба да бидат пренесени на секоја копија.

Крајните корисници на овој социјален веб портал не треба да поставуваат, објавуваат или на друг начин да прават достапни материјали кои подлежат на авторско право, трговска марка или други права на интелектуална сопственост, без одобрение на носителот на тие права. Корисникот е одговорен за штетата што ќе ја направи со објавување на материјали без согласност на носителот на авторското право, злоупотреба на трговска марка и други права на интелектуална сопственост. Крајниот корисник со поставување и објавување на информациите и материјалите ни доделува бесплатно, неповратно, временски неограничено, неексклузивно право и лиценца за користење, прилагодување, објавување и дистрибуција на тој материјал. Сите права кои не се отворено дадени се задржани за компанијата КОМСОФТ ДООЕЛ.

Крајниот корисник не смее на социјалниот веб портал www.karas4training.com да внесува заканувачки, штетни, нелегални или навредливи податоци, информации, клевети, материјали или друга содржина, да промовира електронска комуникација со други интернет страници кои се конкурентни на  и да врши политичка или верска пропаганда. Комсофт не е одговорен за ваквите поставени содржини од корисниците и го задржуваат правото да ги отстранат овие, како и други содржини кои се несоодветни за социјалниот веб портал. Од корисниците се очекува да постапуваат согласно со позитивните прописи во Република Македонија и со прописите на потенцијалните земји учеснички. Исто така, забелешките за какво било наводно нарушување на авторските права на социјалниот веб портал треба да се испратат до karas4training.com на следната е-меил адреса: contact@karas4training.com.

Одржување и одговорност за податоци и лозинка

Доколку сакате да пристапите кон одреден дел од социјалниот веб портал кој се однесува на поднесување информации во врска со Вашите активности, достигнувања, статии, настани, видеа и слики, услуги или пак друг вид материјали кои Вие сакате да ги споделитe, морате да изберете корисничко име и лозинка во процесот на регистрација за овој социјален веб портал.

karas4training.com нуди два типа на регистрација:

1. регистрација на луѓе (тренери, инструктори, професионални спортисти, аматерски спортисти/рекреативци, логистика-за спорт)

2. регистрација за места (спортски компании, клубови, центри, продавници и локации)

Со регистрацијата Вие се претставувате и гарантирате дека:

Го користите вашиот вистински идентитет; сте дале само вистинити, точни, актуелни и целосни податоци за Вас при процесот на регистрација и дека ќе ги одржувате и навремено ажурирате податоците кои сте ги дале со цел тие да бидат вистинити, точни, важечки и целосни. Можете повремено да ги ажурирате податоците со најавување на веб/порталот и со кликнување на табот ''Промени'' (Сметка или Профил). 

Со најавување на социјалниот веб портал употребувајќи лозинка, Вие се претставувате дека сте овластени да ја користите лозинката и да се вклучите. Само Вие сте одговорни за доверливоста и употребата на Вашата лозинка, како и за секоја активност која се води на или преку социјалниот веб портал преку Вашата лозинка. Ако сакате да ја откажете лозинката или ако забележите загуба, кражба или неовластена употреба на лозинката, Ве молиме веднаш да нè известите.

Престанок на деловниот однос

Ние може да го раскинеме деловниот однос со крајниот корисник во кое било време. Ние го задржуваме правото да ја укинеме лозинката или корисничкиот профил доколку крајниот корисник не се придржува на Условите за користење и ако се однесува неприфатливо според наша проценка.

Сопственост, доверливост

Karas4training.com е регистрирана трговска марка во Македонија и земјите на ЕУ и е во сопственост Елена Митреска Јовановска од Скопје. Социјалниот веб портал е заштитена со прописите за авторски права за заштитно лого и за останатите прописи. Вие сте согласни да не влегувате во каква било активност која претставува прекршување на авторските права во однос на материјалот од социјалниот веб портал.

Прифаќате дека karas4training.com ги селектирал, усогласил, уредил и приспособил податоците и информациите во однос на статиите, сликите, видеата, огласите, пораките, местата како и профилите на поединечните корисници кои доброволно ги доставиле до нас. Како корисници сте согласни дека не смеете да репродуцирате, дистрибуирате, јавно изведувате или јавно објавувате материјали од социјалниот веб портал или од кој било дел без претходна согласност од нас. Ако не е во согласност со Условите за користење или ако не е поинаку одобрено од наша страна по писмен пат, не смеете, директно или индиректно, да пренесувате, симнувате, закачувате, прикажувате, продавате, изнајмувате, лиценцирате, префрлувате, објавувате, копирате, ставате во рамка, разложувате, расклопувате или употребувате ниту еден аспект од овој социјален веб портал или некој материјал од неа, целосно или делумно, во која било форма или на кој било начин. Исто така, корисникот е согласен дека нема да состави поштенска листа или друга листа која може да ја злоупотребат трети лица, нема да создава независни документи со податоци или резиме на статистички податоци или да прекрши некои применливи закони или регулативи. Покрај тоа, нема да употребува метаознаки или некаков друг „скриен текст“ во кој ќе се користи името karas4training.com без претходна писмена дозвола од нас.

Ние сме посветени на почитување на авторското право и законите од соодветната област и очекуваме од сите корисници на социјалниот веб портал, исто така, да ги почитуваат овие закони. Користењето на социјалниот веб портал за пренесување на каква било содржина или за вклучување во  каква било активност која ги нарушува авторските права или некое друго право на трето лице, значи прекршување на овие Услови за користење. Вие му гарантирате на karas4training.com дека сте сопственик, или сте поинаку законски овластени да употребувате податоци, материјали или друга содржина која ја пренесувате до или преку социјалниот веб портал, како и тоа дека нивната употреба не го прекршува авторското право или законите од соодветната област и нема да повреди некоја личност или правно лице.

Времетраење на користењето

Корисникот е согласен дека Условите за користење ги прифатил/а во моментот на регистрацијата или со пристапувањето и користењето или со пребарувањето на социјалниот веб портал и на некој материјал од неа. Ние го задржуваме правото, во секое време и од секоја причина, без да Ве известиме: да Ви забраниме пристап до социјалниот веб портал, до материјалот од неа или до сè што е поврзано со неа; да го промениме, отстраниме или да го укинеме социјалниот веб портал, некој дел од неа или некој материјал и услуги кои се достапни на социјалниот веб портал или до кои се доаѓа преку неа. Всушност, го задржуваме правото да ги промениме Условите за користење.

Нашата политика на приватност

За нас заштитата на личните податоци на нашите корисници е многу важна. Затоа, усвоивме Политика на приватност со која се дефинира нашата дејност за собирање на лични податоци. За повеќе детали за тоа како ги собираме и користиме личните податоци од корисниците на социјалниот веб портал прочитајте во Политиката на приватност. Со прифаќањето на Условите за користење, Вие автоматски се согласувате и со Политиката на приватност, којашто е составен дел на Условите за користење.

Врски до другите веб-страници и веб-портали

Социјалниот веб портал може да содржи врски до другите веб-страници и веб-портали на светската интернет мрежа заради нејзино полесно користење од страна на нашите корисници. Другите веб-портали и веб-страници ги одржуваат трети лица над кои ние немаме контрола. Според тоа, не сме одговорни за содржината, политиките и дејноста на овие веб-портали и веб-страници, како и за достапноста, точноста, веродостојноста, комплетноста, валидноста, квалитетот, производите и услугите достапни или рекламирани на или преку овие трети веб-портали и веб-страници. Покрај тоа, овие врски не подразбираат, директно или индиректно, наше прифаќање или здружување со некој друг веб-портал или веб-страница, нејзин сопственик или некој податок, производ или услуга кој го дава некое трето лице. Кога излегувате од нашиот социјален веб портал, треба да знаете дека нашите услови и политики повеќе не се применливи и затоа треба да ги прегледате Условите за користење и Политиката на приватност на секоја веб-страница или веб-портал.

Дозвола за употреба на Вашите поднесоци

Некои или сите податоци (освен податоците дадени при регистрацијата, кои треба да се третираат како што е дефинирано во останатите одредби од Условите за користење), предлози, повратни информации, статии, јавни пораки, огласи и други материјали кои ги објавувате или ги нудите на самиот социјален веб портал, се поднесуваат без ограничување или очекување за доверливост. Оттука, без надомест или понатамошни обврски, ни ги префрлувате сите досегашни или идни права, дозволувате други да ги употребуваат или ни го префрлате правото да ги користиме сите поднесоци. Понатаму, се согласувате Вашите поднесоци да се употребуваат без ограничување за каква било цел, комерцијална или поинаква, без надомест за Вас, вклучувајќи го и правото за употреба, репродуцирање, изменување, прилагодување, објавување, префрлување, јавно изведување или прикажување, преведување, создавање изведенки или поинакво споделување со јавноста на поднесоците на овој социјален веб портал или на некое друго место од наша страна, од нашите застапници или други лица на кои сме им дозволиле да ги користат Вашите поднесоци. Корисникот е согласен да не бара никакво право на сопственост или морално право од кој било  вид за каков било поднесок.

Доверливост на интернет

Употребата на интернетот е исклучиво на ризик на корисникот. И покрај тоа што вложуваме напор да создадеме безбеден и веродостоен социјален веб портал, Ве советуваме дека доверливоста на целата комуникација или пренесен материјал преку интернет не може да биде загарантирана. Следствено, ниту ние, ниту нашите партнери не се одговорни за безбедноста на секој податок кој се пренесува преку интернет, точноста на податоците содржани на овој социјален веб портал, или последиците од довербата во информациите. Вие мора сами да одлучите дали ќе го користите социјалниот веб портал. Ниту КОМСОФТ ДООЕЛ и/или поврзаните компании, ниту некој од вработените, ниту трети даватели на услуги не гарантираат дека социјалниот веб портал нема да биде прекинат или дека нема да има грешки, ниту пак гаранитираат за последиците кои можат да настанат со неговото користење. Корисникот потврдува дека karas4training.com не е одговорен за какво било несоодветно и противзаконско однесување на трети лица или на другите корисници и не е одговорен за ризикот од евентуалната штета што би настанала како резултат на таквото однесување. За неа одговара само корисникот.

Следење на социјалниот веб портал

Ние го задржуваме правото да ја следиме и снимаме активноста на социјалниот веб портал без да Ве известиме или да бараме дозвола од Вас. Кaras4training.com ќе објави податоци, електронска комуникација, информации, материјали или друга содржина од секаков вид: доколку верува дека е потребно за правна или законска процедура; доколку објавувањето е неопходно или соодветно за работата на социјалниот веб портал; или да ги заштитиме нашите права и сопственост, како и правата и сопственоста на нашите корисници или деловни партнери.

Настани надвор од нашата контрола

Користењето насоцијалниот веб портал и нашите услуги може да биде прекинато од причини кои не зависат од КОМСОФТ. Според тоа, КОМСОФТ и соработниците на www.karas4training.com не можат да бидат одговорни ако поради тие прекини дојде до губење на податоци при преносот на информациите. КОМСОФТ и нашите партнерски компании ќе настојуваат да обезбедат континуирана достапност 24 часа дневно во текот на 7 дена во неделата. Сепак, доколку дојде до прекин од причини кои се надвор од контрола на КОМСОФТ ДООЕЛ и нашите партнерски компании, корисникот го прифаќа и се согласува со можниот прекин или привремена недостапност на социјалниот веб портал. Вие нè ослободувате нас и нашите застапници од сите тврдења за штета кои произлегуваат од причина/и над кои ние или тие немаме директна контрола, вклучително, но не и ограничено, на откажување на електронската и механичката опрема или комуникациските врски, телефоните или други проблеми со интерконекцијата, компјутерските вируси или другите штетни кодекси или податоци, неовластен пристап, кражба, грешки на операторот, временски несреќи, земјотреси, елементарни несреќи, штрајкови или други проблеми, војни или владини рестрикции и објавување на Вашите лични здравствени податоци кои Вие сте им ги дале на трети лица преку врските на нашиот социјален веб портал.

Одрекување

Социјалниот веб портал и материјалите на него се дадени на база „како што е“ и „како што е достапно“ и се наменети само за информативни цели. Додека ние сме согласни да обезбедиме најточни, ажурирани информации, материјалот на социјалниот веб портал може да содржи технички или други недоследности или печатени грешки и може да биде променет или ажуриран без претходно известување.

Во најголема можна мера согласно со законот којшто се применува, се оградуваме од сите гаранции од секаков вид, било изразени или затскриени, а се оградуваме и од:

а) сите гаранции во врска со достапноста, точноста, веродостојноста, комплетноста, валидноста, квалитетот, работата или прикладноста на социјалниот веб портал, материјалот на неа или кој било производ, услуга или резултат добиен од или преку социјалниот веб портал и

б) секоја скриена гаранција на наслов, непрекршување, можност за продажба или приспособливост за одредена цел.

Ние не даваме ветување или гаранција од каков било вид, отворено или прикриено, дека социјалниот веб портал или некој материјал од неа ќе Ви помогне да одредите соодветено место или лице за спорт и рекреација. Не ветуваме и не гарантираме дека овој социјален веб портал ќе работи непрекинато, без грешки или без вируси или други штетни компоненти или дека дефектите, доколку ги има, ќе се поправат. Вие се согласувате дека употребата на социјалниот веб портал или материјалот од неа е целосно на Ваш ризик.

Понатаму, отворено се оградуваме од одговорност и доверливост во однос на посебните договори кои би ги склучиле со некое од местата или со трети лица кои нудат производи или услуги на или преку овој социјален веб портал, а Вие самите ќе си ги најдете тие места и трети лица и сите тврдења кои ќе произлезат од ваквите договори и/или овие производи или услуги.

Ограничување на одговорност

Ниту КОМСОФТ ниту потенцијалните комапнии од други земји, ниту нашите вработени, ниту огласувачите – трети лица не гарантираат дека користењето на веб-портаот нема да биде прекинато или дека ќе биде без грешки, ниту гарантира за точноста и сигурноста на информациите и материјалите, услугите и производите објавени на социјалниот веб портал, како и за последиците кои можат да настанат со употреба на овој социјален веб портал, некој од материјалите на него или некои производи или услуги добиени од или преку него. Корисникот се согласува дека користењето на социјалниот веб портал е на негова одговорност. Во случај на некој проблем со него, материјалот од социјалниот веб портал или некој производ и/или услуга добиени од или преку него, единствено решение за Вас е да престанете да го користите тој производ/услуга.

Корисникот потврдува дека ние не сме одговорни за несоодветно, навредливо и противзаконско однесување на другите корисници на социјалниот веб портал и дека ризикот од евентуалната штета што ќе настане како резултат на таквото однесување е на Корисникот. Ниту ние ниту физичките или правни лица кои учествувале во создавањето на овој социјален веб портал и нејзиното производство и дистрибуција или со неа поврзани содржини, како и кој било софтвер нема да бидат одговорни за евентуалната штета што би настанала како последица на користење или неможност за користење на социјалниот веб портал.

Со понапред наведените услови, ниту КОМСОФТ ниту давателите на информации или партнерите кои го уредуваат социјалниот веб портал нема да бидат одговорни за каква било грешка, неточност или други недостатоци и несоодветност на информациите кои се наоѓаат на неа. Ова се однесува и за евентуалниот прекин во преносот на информациите и на какво било побарување или загуба кои би произлегле од тоа.

Надоместок на штета

Корисникот се согласува дека за каква било штета тврдења, процеси, повреди, одговорности, загуби, трошоци и надоместоци на штета, вклучувајќи ги и трошоците за правно застапување кои би произлегле од Вашата употреба на овој социјален веб портал нема да го смета за одговорен karas4training.com, КОМСОФТ, вработените лица и агенти, наследници и доверители.

Што во случај на спор?

КОМСОФТ ДООЕЛ е сопственик на www.karas4training.com со седиште во Скопје на адреса: ул. Невена Георгиева Дуња бр.13/4, 1000 Скопје, Република Македонија. Правните спорови кои се поврзани со некоја активност која произлегува од содржината на социјалниот веб портал, употребата на материјалот од неа или негова неовластена употреба, репродукција или реиздавање и друго, се во надлежност на судот во Скопје и се во согласност со позитивните прописи во Република Македонија. Корисниците кои го користат социјалниот веб портал се согласни дека сите спорови кои ќе произлезат или се во врска со Условите на користење се во надлежност на судот во Скопје.

Соопштенија и контакт со karas4training.com

Сите соопштенија ќе Ви бидат испратени по е-пошта (е-меил) на адресата која сте ја пријавиле при регистрацијата. Соопштенијата ќе бидат веродостојни по еден работен ден од испраќањето на е-пошта.

Ако имате некои прашања во врска со Договорот за користење, социјалниот веб портал или материјалот од него или ако треба да нè известите за нешто, контактирајте нè преку истоимениот дел „контакт“, на е-меил адреса contact@karas4training.com или по пошта на:

КОМСОФТ, ДООЕЛ
Компанија за изработка на софтвер, услуги и набавка на хардвер
Тел./факс: +389 2 109209
Адреса: ул. Невена Георгиева Дуња бр.13/4
1000, Скопје, Македонија

Разно

Потврдувате дека, доколку Ви се даде пристап до и употреба на социјалниот веб портал и материјалот од неа, ние се потпираме на овие Услови за користење.