28-ти Интернационален Атлетски Маратон – Охрид 2014

Датум на почеток:

09.08.2014

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

По повод 8-ми Септември Денот на државноста, годинава по 28-ти пат ќе се организара традиционалниот Интернационален Атлетски Маратон Охрид 2014.

Охридскиот маратон започна да се организира од 1976 година и се организираше 18 (осумнаесет) години без прекин до 1993 година. Поради големата заинтересираност после првото одржување на маратонот од општински, републички прерасна и во меѓународен атлетски маратон. Од 1993 година до 2003 година беше ставен во мирување па наредните години од 2004 година заклучно со 2010 година повторно биде успешно организиран, за да наредната 2011-та година повторно биде ставен во мирување.

И покрај тешката финансиска состојба во која се наоѓа маратонот и оваа 2014 година традицијата на успешно организирање продолжува со помош на општина Охрид и најтрофејниот маратонеце Живко Стојчески.

Маратонот важи за еден од најтешките маратони и се трча долж крајбрежјето на Охридското езеро од Св. Наум до Охрид со многу нагорнини и надолнини со вкупна должина од 30 километри.

Најтрофеен маратонец е Живко Стојчески со 5 (пет) освоени први места.
Со најголем број на учества на маратонот е Славчо Костоски со вкупно 14 (четиринаесет) години.

Рекордот на патеката во машка конкуренција го држи Борислав Девиќ од Србија со резултат од 1:39:13, а во женска конкуренција Ана Суботиќ од Србија со резултат од 1:55:23 од 2010 година.

Пријавувањето за овогодинешниот маратон може да го направите ТУКА или лично на телефон 070/232-460 со лицето за контакт Пеце Неданов.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија