„Заедно до медали" е видео проект, со кој ја следиме делегацијата на Специјална Олимпијада Македонија и нејзините тимови пред и по Летните Олимписки игри на Специјална олимпијада Абу Даби 2019.

Збор два за ефикасноста, енергичноста и мотивирачката страна на тренингот во група.

Рацете често се заборавен дел од тркачката механика, а токму тие можат да бидат пресуден фактор за успешен тренинг или трка.

Ако некогаш сте се запрашале како изгледа Тур де Франс низ бројки и колкав напор е потребен за за да се заврши, еве неколку интересни податоци врзани токму за оваа тематика.

Поинтензивно од било кога, финалето на 3-тата сезона на ултимативниот фит предизвик со Allga San и Elena Bubalo се состоеше од вежби кои ги предизвикаа границите и на најспремните учесници, а дружбата ја заокруживме со наградување на најдобрите тројца. Голема благодарност до сите кои се пријавија и учествуваа!😊💪💚

Ако ја земеме предвид потребната снага за распарчување на бостанов на делчиња со еден шамар, но и брзината со која би добиле едно смути, тогаш Василиј Камотски има за што да предава. 

Од следната година на Олимпијадата во Токио ќе можеме да го видиме спортското качување како нов олимписки спорт, а една од најатрактивните дисциплини секако е брзинското искачување. Алекс Хонолд и Џордан Фишман во оваа епизода ви појаснуваат зошто е скоро невозможно  да се качат тие 15 метри под 5 секунди. 

Првиот полуфинален натпревар од ултимативниот фит предизвик со Allga San и Елена Бубало помина во многу забава, дружење и јако вежбање! 

Џон Сутерленд е човекот кој е единствениот активен сопственик на најдолгата тркачка низа, 50 години без ниту еден ден пауза од трчање. Еве неколку интересни информации за оваа тркачка легенда и неколку корисни совети токму од него.

На Facebook