Зошто не слабееме?

Една од причините поради која многу луѓе не можат да се ослободат од вишокот килограми е побавен метаболизам, својството на организмот да согорува масти додека одмараме. Тој може да биде стимулиран на друг начин и од исклучително значење е да го одржиме во активна состојба, инаку си постигнуваме „автогол”.

За жал, сите ние правиме многу грешки кои имаат потенцијал да го забават метаболизмот и на тој начин да се успори согорувањето на мастите. Еве 6 причини кои го успоруваат метаболизмот :

НЕНАСПАНОСТ

Докажано е дека ако човек спие помалку од 6 часа и 30 минути на ден, постои ризик да го забави  метаболизмот и потенцијално да качи килограми. Спиењето го редуцира нивото на акумулација на стрес, па затоа е потребно да најдеме доволно време за спиење.

НЕПРАВИЛНА ИСХРАНА

Премногу луѓе сè уште мислат дека за да ослабат, треба да се намали внесот на храна, што воопшто не е така. Кога не конзумираме доволно храна, организмот паѓа во режим на глад и на тој начин метаболизмот се забавува. Тоа е автоматска реакција кај секој човек, затоа бидете сигурни дека земате доволно храна!

 

ДОЛГОТРАЈНО СЕДЕЊЕ

За да биде метаболизмот активен, треба и нашето телото да  е активно. Докажано е дека додека човек седи за 1 час согорува околу 50 калории, наспроти 100 калории кога стоиме исправено. А знаете ли дека кога одиме за 20мин, ние согоруваме околу 120 калории ?

НЕПОДРЕДЕНА ИСХРАНА 

За да ги постигнеме најдобрите резултати не е потребно само здраво да се храниме, правилниот тајминг во исхрана е битен фактор за забрзување на метаболзимот. Знаеме дека е тешко да јадеме во одредено време, но ако натераме организмот да ја прима храната во точно одредено време од денот, тој учи кога да започне согорувањето на калории и на тој начин храната се преработува побрзо.

 

НЕДОСТАТОК НА ВОДА

Нашето тело е изградено од 55% до 75% вода. За да функционира правилно телото има потреба од неа и колку повеќе сме активни толку повеќе треба да ја внесуваме . Во спротивно нашето тело поминува во фаза на ,,SAFE MODE”и неговите функции се успоруваат. За обичен човек дневната норма е 2л, додека за спортисти е 3+. Секогаш имајте шише со вода околу вас и пијте ги потребните количини секојдневно!

 

ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ПОЈАДОКОТ

Многумина немаат навика да доручкуваат или мислат дека ако го пропуштат утринското јадење, ќе го намалат дневниот внес на калории и ќе ослабат. Грешка! Кога не конзумираме храна повеке од  6-8 часа, метаболизмот ни се успорува. За да го „разбудиме” и да го натераме да си ги врши функциите, треба да му дадеме гликоза, која ја црпиме од појадокот.

Не дозволувајте горенаведените фактори да го успорат вашиот напредок!