Важно ли е колку брзо или споро слабеете

Митот вика вака: оние кои брзо слабеат, многу брзо и се дебелеат, а оние кои слабеат со споро и стабилно темпо подобро ја одржуваат постигнатата форма. Науката вели дека ова нема врска.

Резултатите од нова студија објавена во научниот часопис Лансет укажуваат на тоа дека без разлика колку брзо или споро слабеете, имате идентични шанси да ја задржите вашата форма, но и да се здебелите како и останатите. Она што е важно се основните фактори од кои не се бега – контролирањето и изборот на исхраната и вежбањето. 

Според истражувањето две групи на луѓе биле подложени на два различни начини на слабеење, едните преку многу построги (дури и многу нездрави) мерки кои во текот на 12 недели довеле до експресно губење на килограмите, а другите со многу полабаво редуцирање на калорискиот внес, но во поголема временска рамка од 36 недели.

На крајот од програмите сите луѓе контролирано изгубиле по 12 проценти од нивната тежина, едните побргу од другите, но интересното е тоа што 71 процент од испитаниците во следните години ја повратиле својата тежина без разлика дали биле од првата или од втората група. 

Затоа заклучокот вели дека начинот на кој слабееш или се дебелееш се далеку помалку важни од вашето решение (или колебање) за посвета на поголемо внимание на своето здравје, исхрана и тренинг.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија