Со другарче полесно се слабее

Во ера кога скоро секој современ и активен човек има можност да користи некоја од фитнес алатките за следење на својот прогрес бројните информации со детална анализа може да се преточат во следниот заклучок: полесно се слабее кога имаш другарче со себе. 

50-те милиони активни корисници и зависници на MyFitnessPal ширум светот секојдневно детално ги следат своите фитнес и хранителни шаблони на однесување, а сето тоа се преточува во огрмна датабаза на информации кои можат да се искористат во истражувачки цели.

Она до што стигнаа аналитичарите од фирмата е досега најголемата лонгитудинална студија која го анализира однесувањето на здравствените навики на луѓето кои ја користат оваа апликација. Студијата беше направена со цел да се дознаат релациите меѓу фитнес резултатите и социјалните интеракции (вежбање со партнер и споделување на заеднички резултати) на апликацијата заедно со начинот на кој што ова влијае врз успехот за слабеење.

Собрани беа информации од 2,200 корисници, и се покажа дека најголемиот дел од нив преферирале вежбање заедно со другарче (65% сметале дека така е позабавно, за 50 прценти од луѓето тоа значело понапорна тренинг сесија, а 55% од нив друштвото било клучно за воопшто одење на тренинг.

Според вкупните информации од првиот квартал на 2014 луѓето кои вежбале во група (двајца или повеќе) потрошиле 5 пати повеќе калории од оние што вежбале сами. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија