Понапредни вежби за отстранување на целулитот

Веќе пишавме за митовите и фактите што се вртат околу ”страшниот” целулит, а воедно предложивме и основна тренинг програма за негово отстранување. Но ако предходните вежби повеќе не ви се предизвик, ви нудиме нов сет на вежби што ги таргетираат овие критични регии. 

 

Комбинацијата од силов тренинг и аеробни вежби ќе ви помогне да изградите мускулна маса и да го зголемите топењето на масти, а воедно да ја тонизирате кожата и мускулите по што нормално, ќе се намали и целулитот.

Дополнително, клучот е во намалување на храна богата со јаглехидрати, шеќери и пиење многу вода за да се намали задршката на течности.

Треба да се има на ум дека целулитот не се појавува преку ноќ, па така и не исчезнува преку ноќ.

Затоа, бидете упорни и комбинирајте ги, на пример, овие вежби со правилна исхрана за најдобри резултати.

1) Исчекор на сите страни
Мускули што се активираат: квадрицепси, внатрешни и надворешни бедра, задница, задна ложа
Повторувања: 3 сетови по 15 пати

2) Чучњеви (Пехар)
Мускули што се активираат: задница, задна ложа, квадрицепси, внатрешни и надворешни бедра
Повторувања: 3 сетови по 20 пати

 

3) Мртво дигање на една нога
Мускули што се активираат: задна ложа
Повторувања: 3 сетови по 20 пати

4) Брпи
Мускули што се активираат: Цело тело
Повторувања: 3 сетови по 15 пати

5) Подигање на карлица на една нога 
Мускули што се активираат: задница
Повторувања: 3 сетови по 15 пати

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија