Колку џогирање е доволно да се симне некое кило

Трчањето како и секоја друга физичка активност несомнено може да допринесе во симнување на непосакуваната тежина, но бидејќи сите работи на планетава се релативни, така и резултатите од џогирањето ќе се појават само доколку се запазат и исполнат условите кои се потребни за тоа.

Наједноставниот начин да се скрати некое кило е да се трошат повеќе калории отколку тие што се внесени со исхраната па затоа секој кој сака да направи ваков подвиг мора добро да обрне внимание на тоа што сè јаде преку денот и дали џогирањето е на потребното ниво за да се направат некакви резултати и разлики.

Анатомија на едно кило
Значи крајната линија на филозофијата со ослабувањето ја заклучивме. За да смкнеш некое кило треба повеќе да трошиш од тоа што консумираш. За да можете тоа правилно да го примените во пракса треба да сте запознаени малку проста математика.

Клучниот однос е: 1kg. е околу 7,700 калории, што значи дека ќе накачите 1kg. тежина за сите 7,700 калории кои остануваат вишок од она што го трошите, а ќе ослабете доколку исто толку калории потрошите од она што на вашето тело му е регуларно потребно. Оваа бројка на калории е огромна за достигнување па затоа треба да дадете малку време за трошокот да се кумулира низ подолг временски период.

Трошење на калории за време на трчање
И калориите кои се трошат за време на трчањето зависат од многу работи (време, брзина), па просечно искалкулирано човек кој тежи 72kg. и прави 30 минутно џогирање со брзина од 8km/h ќе потроши 292 калории. Доколку тежите 90kg. оваа бројка е 364 калории, а доколку тежите 108kg таа е 436 калории. Овие се просечни бројки за фиксни тежини и треба да ви служат ориентационо за тоа колку 30 минутно џогирање може да ви потроши калории.

Фрекфенција на џогирање
Ако гледате од погорните бројки, не е тешко да се заклучи дека 30 минутен џог еднаш во неделата, па и два пати, нема да ви заврши работа, но ако се нафатите тоа да го правите секој ден, разликата ќе биде забележлива. Но сепак, единствениот начин да изгубите некое кило и понатаму останува заробен во калориите што ги внесувате на дневно ниво. Доколку ја подесите вашата диета, со што би трошеле повеќе калории од колку внесувате, веќе можете да направите некаква разлика.

И да не постигнете некакви резултати со тежината, не се разочарувајте бидејќи секојдневното вакво џогирање и те како ви ја подобрува состојбата на кардиоваскуларниот систем и вашата издржливост, а исто така ја исполнувате (и преминувате) целта за препорачаните 2,5 часа неделна аеробна активност.

Калкулации
Доколку тежите 72kg. дневното 30 минутно џогирање преку целата недела ќе потроши кумулирани 2,044 калории, што е од прилика 265g. од вашата тежина. За да го забрзате процесот (на ослабување) можете да отстраните 500 калории од вашето дневно мени. Со тоа ќе добиете 3,500 калории помалку поради помалиот внес и плус овие 2,044 калории од 30 минутното трчање на неделно ниво, резултатот ќе биде од прилика 5,544 калории (или 720 грама) помалку! Доколку бидете упорни и издржите цел месец со ова темпо, тоа би можело да ви донесе одлични резултати.

За полесно да ги водите овие калкулации, набавете си добар бројач или следач на калориите кои ги внесувате (калкулаторот е тука од десната страна) и запнете се малку повеќе со џогирање.