Како да ја задржите вашата штотуку намалена тежина

Губењето на вишок килограми знае да биде само половина добиена битка. Она што честопати е потешкиот дел е задржување на новата килажа и борбата со враќањето на килограмите. Подолу ви сервираме неколку одлични совети за оваа проблематика. 

Иако симнувањето на некој вишок килограм од вашето тело е проблематична задача, задржувањето на новата „намалена” тежина знае да биде поголемиот проблем во целата збрка. Зад јо-јо ефектот стојат бројни физиолошки елементи, но во принцип тој се јавува бидејќи телото едноставно има тенденција да ја врати онаа килажа која што претходно долго време ја имало – вели Д-р Ли од институтот за јавно здравје во Балтимор. 

Една од студиите правена во 1999 година покажала дека само 20 проценти од Американците кои имале прекумерна тежина успеале да ослабат само 10 проценти од нивната тежина и истата да ја одржат во текот на наредните година дена. Ова говори дека јо-јо ефектот е широко распространета проблематика која често ги мачи оние кои се во обид да слабеат. 

Сепак, истава ситуација може да се избегне се додека сте дисциплинирани и упорни во вашата желба за повитка и здрава става и изглед. Она што било забележано кај скоро сите оние луѓе кои успеале да ослабат и да ја задржат нивната килажа биле неколку едноставни навики кои горе-долу ги следеле сите.

Подолу истите се поделени на два дела т.е. како „што треба ДА” и „што НЕ треба ДА” правите во текот и после слабеењето:

Што треба ДА правите 

– Спијте доволно. Недоволно наспаните особи имаат тенденција да бараат поголеми количини на нездрава високо-калорична храна. 

– Спортувајте редовно. Имајте некаков тип на спортување и рекреација скоро секој ден (оптимално околу 30 до 40 минути). Било тоа да е пешачење, трчање, пливање, фитнес или што и да е, едноставно одберете си што најмногу ви лежи и бидете редовни во тоа. 

– Бидете редовни со спортувањето во текот на слабеењето, за кога ќе дојдете на килажата која ја посакувате, веќе да сте во форма и да бидете спремни за уште повисок интензитет на спортување. 

– Експериментирајте со нови и здрави варијанти на исхрана и заборавете ги лошите хранителни навики кои досега сте ги имале

– Јадете го вашето омилено благо, но многу ретко

– Бидете свесни и присутни кога јадете и што јадете т.е. контолирајте се за време на оброците. 

Што НЕ треба ДА правите 

– Не се откажувајте. Бидете спремни можеби во првите ваши обиди и да се вратите на старата килажа, но бидете упорни и спремни да дадете максимум од себе без да се откажувате. 

– Не се плашете од вагата. Застанете на неа и измерете се, не е ништо страшно. Информациите кои ги добивате од неа искористете ги во позитивна конотација. Ако сте накачиле, мотивирајте се, ако сте намалиле или се држите на граница, мотивирајте се уште повеќе. 

– Не прескокнувајте оброци затоа што на следниот надокнадувате уште повеќе отколу што ви треба.

– Намалете ја исхраната од сендвичарите и рестораните. Наместо тоа, гответе си сами, во вашата кујна – така имате најголем увид во тоа што јадете. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија