Брпи со медицинка за ефикасно топење на масти
Брпито само по себе потврдено царува во ефикасноста на согорувањето калории и подигнување на аеробниот капацитет во споредба со други вежби, а тек кога ќе го искомбинирате со медицинка.
Што се постигнува?
Брпи вежбата со медицинка е мало чудо од ефикасност кое работи повеќе мускулни групи и го подига пулсот со што топи масти. Експлозивните движења како и промената на рамнините во кои се прави вежбата ги работи нозете, градите, рацете и рамената, а додадената тежина од топката дополнително ја работи силовата компонента на тренингот со што се зголемуваат резултатите.
Како се прави?
Вежбата оди како и стандардното брпи, само што треба да имате некоја помала медицинка (до 5 кг. е доволна).
Почетниците може да користат баскет, а доколку воопшто немате правено, може и да си почнете со најобичното брпи, па да напредувате полека-полека бидејќи потребна е работа.
Колку?
Почнете со две серии од по 5 повторувања, а со текот на времето покачувајте и во двете варијабли.
Резултатите сами ќе си дојдат.