Вежби за стомачни мускули по бременоста

Броењето на повторувањата (во теретански речник познато како репетиции) на одредена вежба е стандардниот и логичен начин на кој човекот пристапува кон следењето на одредената задача која што треба да се исполни. Впрочем, и најголем дел од тренинг шаблоните се направени врз основа на овој принцип, одреден број на повторувања во една серија…

Но, во статијава ќе се обидеме да ве убедиме барем некогаш да си го смените пристапот кон правење на максимален број на повторувања во одреден, зададен временски интервал, нешто што може да ве направи позадоволни и да ви даде далеку подобри резултати.

Кога во прашање е броењето на повторувањата и сериите на вежбата, постојат неколку главни, ајде да ги кажеме како негативни страни:

1. Зададената бројка на повторувања може да ви направи рестрикција на вашите можности, односно не ве стимулира максимално да ја вклучите мускулатурата која работи за максимум од времето која таа може да работи – нешто што реално креира најдобри резултати.

2. Доколку пак не сте во можност да ја направите зададената бројка тоа негативно може да се отслика на формата и техниката на изведба на вежбата што може да доведе до повреда.

3.И многу важно – доколку не успеете да ја исполните бројката на повторувања ќе имате некое чувство на незадоволство.

За разлика од ова погоре, кога одредената вежба би ја правеле со максимален број на повторувања на одреден временски рок, односно нема да ги броите повторувањата туку ќе се сконцентрирате само на изведбата, човекот е натеран максимално времетраење да остане оптоварен од самата изведба што би значело поголеми ефекти од вежбата.

И тука не е важно нивото на спремност на човекот, некој ќе направи повеќе повторувања, некој помалку, но сите ќе бидат натерани да го дадат максимумот од себе.

Дополнително, немате потреба од брзање, а и немате никакви граници кои треба да ги постигнете, нема да ја губите техниката и формата на изведување на вежбата што е најважната работа која треба да ја следите.

И за крајот, вежбањето на тајминг ве мотивира. Колку пати сте се осетиле разочарано кога нема да успеете да го исполните последното повторување на некоја тежина? Тука, наместо броење до одредена граница, вие си ја броите вашата граница (вашите способности) која може многу позитивно да ве изненади и да ве мотивира.

Пробајте, измешајте ги работите во вашиот тренинг, притиснете се максимално, ќе ви делува супер.