Кој кажа дека нема лек за стресната тренерска професија

Тренер кој хотелот со 7 ѕвездички го замени за село со 4 куќички

Хрватскиот Робинзон Крусо се вика Никола Бориќ, успешен тренер со огромно интернационално искуство кој прави екстремна промена во неговиот живот и кариера пресметувајќи дека изворот на среќа ќе го најде во малото село Кокочак на планината Папук во Хрватска.

Како поранешен хрватски триатлонски репрезентативец и дипломиран кинезиолог, Никола бил тренер на многу врвни спортисти како што се боксерот Стјепан Божиќ, пливачката Гордана Кожулјем и параолимпијката Ана Срчан. Бил воедно тренер на многу азербејџански, турски и атлетичари од африканските земји живеел во Дубаи и, и решил да се смени.

Денес тој гради куќа од слама во село од четири куќи и шест жители, одгледува зеленчук, прави компот и зимница и си кулира. Го напушта бизнисот и фирмата, и му ја подарува на свој добар пријател. Човекот си нашол мир, нека му е со среќа.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија