Истегнување

Ако статичното истегнување пред тренинг има негативен ефект на перформансите па дури може да биде и штетно, динамичното истегнување/загревање има потполно спротивен ефект.

За да нема повеќе забуни во однос на „кога гел”, а кога „крем”... 

Три чекори до подобар мускулен опоравок после вашите омилени спортски активности...

Карличниот појас вкулучува повеќе од 20 мускули кои постојано се активираат за да можете да седнете, станете, трчате, скокате, возите велосипед. Всушност мускулите околу колковите се одговорни за многу движења и нивното оптеретување без соодветно истегнување често може негативно да се одрази. Неопходно е истегнувањето на карличните мускули да го направите дел од вашата секојдневна рутина...

Доколку сте од оние кои ќе ги преплават скопските улици на 10 мај и ќе земат учество во најмасовниот спортски настан во Македонија, знајте дека имате можност да направиме заедничко загревање пред стартот на трката како и минатата година. Кети Фит со своите колеги ќе ви биде на располагање. Успех ! И се гледаме на стартот.

Јогата е медитативно-физичка дисциплина со безброј следбеници низ целиот свет. Влијанијата на времето заедно со моменталното опкружување во одреден дел од светот направиле да се појават многу различни варијанти на истата. Па така во целото јоги-семејство на видови и подвидови, се појавува и една модерна Јога интерпретација наречена Пиво-Јога...

Болките во мускулите, зглобовите т.е. тетивите и лигаментите се најчестата сензација која се доживува после напорен тренинг или натпревар. Повторувачките стресни сосојби кај долгите и интензивни тренинзи се најчестат причина за оваа нормална компликација, a одморот и ладењето после ваквите активности се најдобриот лек за опоравување.

Секојдневно се соочуваме со разно разни болки, стрес и напнато чуство во вратот, грбот и колковите. Згрченоста ни станува партнер, фатени во раскрсница на технолошките изуми, работата, семејството, навременото информирање и социјална комуникација.

Првиот Конгрес на Физиотерапевти на Македонија се одржа на 26 Март 2015 година во 16 часот во конгресната сала на МАНУ во организација на Здружението на Физиотерапевти на Република Македонија (ЗФРМ).

Facebook