Јога - Пиво - Детокс и ретокс

Намасте, наздравје!

Јогата е медитативно-физичка дисциплина со безброј следбеници низ целиот свет. Влијанијата на времето заедно со моменталното опкружување во одреден дел од светот направиле да се појават многу различни варијанти на истата. Па така во целото јоги-семејство на видови и подвидови, се појавува и една модерна Јога интерпретација наречена Пиво-Јога…

Станува збор за светски тренд кој верувале или не, зема се поголем замав. Иако не е познато кој е вистинскиот пионир на оваа луда комбинација, факт е дека сè поголем број на пивари и пивници низ светот се вклучуваат во ова движење со страстни подржувачи.

Во што е разликата?
За разлика од сите останати видови на јога, оваа последнава во апсолутно ништо не се разликува од оригиналната. Единствената специфичност е што вообичаениот јога час е залеан со чаша или две ладно пиво и тоа што часот се одржува во некоја од пивниците или пиварите. Во суштина ова видување на дисциплината е само внес на дополнителна опуштеност за време на стандардниот час и можност да се ужива во животот на еден поинаков начин.

Оттаму, не треба да изненадува и се поголемиот број на луѓе кои се заразени токму заради оваа неуниформираност и комфорност. Како и да гледате на овој невообичаен спој, ние ве охрабруваме да пробате. Сигурни сме дека за едното од двете, сигурно ќе ве бива 🙂

Намасте, наздравје!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија