Како му правите сопки на вашето тело

Секојдневно се соочуваме со разно разни болки, стрес и напнато чуство во вратот, грбот и колковите. Згрченоста ни станува партнер, фатени во раскрсница на технолошките изуми, работата, семејството, навременото информирање и социјална комуникација.

 

Се „паркираме” во неповолна положба на телото која ни го ограничува нашето дишење, протокот на крвта и сето тоа на долги стази прави сериозни „сопки” на нашето тело.

СОПКА 1 – Главната „ѕвезда” околу која орбитираат сите останати проблеми е стресот и хроничниот замор, оној што секојдневно ни се повторува и кој се генерира од најразлични причини, а се смета како главна причина за многу проблеми во нашето тело.

СОПКА 2 – Седењето и работењето пред компјутер е исто така голем проблем за нашите тела кои се дизајнирани за движење, додека ние (повеќето) се наоѓаме во долгочасовни пасивни постури (држење на телото).

СОПКА 3 – Пренапрегањето односно затегнатост на предниот кинетички ланец (гради, стомачни). Наместо да го стегаме треба да го отвориме, развлечеме и истегнеме, а за сметка на тоа да го стимулираме и зацврстуваме со вежби задниот кинетички ланец – антигравитациониот (врат, грб, лумбален и седален сегмент).

СОПКА 4 – Пишувањето на реферати и комуникацијата на социјалните мрежите на смартфон со клапната глава кај многумина предизвикува болки и намалена циркулација вовратот и главата заради неправилно држење (надвиснување на главата). Исто така инклинирањето на главата кон лево или десно за време на телефонскиот разговор што трае предолго си ја зема својата цена по истиот принцип како и зјапањетон во смартфонот.

 

СОПКА 5 – Предолгото време поминато во возило, воз или авион може да придонесе до релаксирање на мускулатурата. Многу студии потврдуваат дека моторите создаваат вибрација која создава осцилации на фрекфенција која придонесува до релаксирање на мускулатурата, затоа професиите кои се врзани со овие категории треба да обрнат внимание.

СОПКА 6 – Носењето претешки ранци или торби особено ако се носат на едната страна од телото што може да доведе до дисбаланс во правилното држење на телото.

СОПКА 7 – Старите повреди (фиброзни лузни) во вратот, грбот или рамената кои не се третирани правилно, со време може да доведат до затегнатост и намалена функционалност на тој дел од телото и да создаде хроничен проблем на затегнатост а со тоа и до слаба постура.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија