Јога на рентген
Одма да ви кажеме дека не ставиле некој јога практикант во џиновска рентген машина и го озрачиле само за вие да видите како изгледа „Поздравот на сонцето“ во негатив. Туку…
..се работи за многу добра анимација од луѓе кои што се специјализирани за медицински 3Д анимации, и толку добро е направено што се доловува пукањето на сите пршлени и истегнувањето на секое мускулче додека го будите вашето тело.
А, ако не сте го осетиле ова, не барајте повод да започнете, бидејќи јогата крие многу повеќе.