Стисни пауза на половина чучнување

Постојат безброј вежби и справи за нозе кои имаат за цел да ги зајакнат и зацврстат вашите нозе. Се разбира дека апсолутен шампион меѓу нив е чучањот со сите негови подвидови. Тоа е многу повеќе од вежба за нозе а една негова варијација може да ви ја донесе клучната разлика во изградбата на силно и моќно тело.

За чучањот се вели дека е крал на вежбите. Оваа комплексна вежба впрочем е многу повеќе од вежба за нозе. Таа е вежба со која целото тело бргу ќе се развива и ќе ве направи поагилни, експлозивни и севкупно поатлетски градени.

Откако добро ќе се совлада основната техника на изведување на чучнувањето и кога ќе се добие сила и издржливост за работа со одредена тежина, како и кај спортисти кои имаат потреба за дополнително воведување на експлозивност во нивниот трениг, варијациите на чучнувањето може да влезат во „игра”. Една од нив е и чучнувањето со пауза. 

Оваа вежба е замислена како напредна вежба која служи за зголемување на вкупната мускулна маса на нозете, зголемување на експлозивноста и силата. Меѓу другото како и сите останати типови на чучњеви и оваа позитивно ќе влијае на зголемено лачење на тестостерон во телото кој претставува еден од клучните фактори во согорување на вишокот масти и развој на мускулна маса.

Како се изведува:

Чучањот со пауза во суштина е идентичен со обичниот чучањ со една мала измена. Во моментот кога со телото ќе се спуштите нешто под паралелно чучнување, треба да останете во таа позиција 1-3 секунди (во зависност од тежината со која работите) по што треба експлозивно да се вратите во почетниот став.

Покрај времетраењето кое може да варира, многу важно е во позицијата на пауза телото да ја задржи стабилноста и активираноста на мускулите. Со оваа вежба особено ќе ги активирате мускулните групи на нозете, задникот и јадрените мускули, иако можеби посоодветно би било да се каже дека ова е вежба за целото тело.

Како и со сите останати чучњеви и со овој треба да бидете особено внимателни со формата со која ги изведувате. Неправилната форма и несоодветната тежина на товарот кој го подигнувате може да биде основа за сериозни повреди. Имајте на ум дека оваа вежба доколку се работи со тежина треба да биде практикувана од искусни спортисти и вежбачи, доколку сте почетник создадете основа па потоа преминете на оваа вежба.

Доколку пак инсистирате да ја пробате тогаш сторете го тоа без дополнителна тежина односно работете со сопствената тежина.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија