Стариот добар Купер е секогаш на cцена

Стара кока, добра јуха – гурманска фраза од соседството што ние ќе ја искористима за да го отсликаме Куперовиот тест кој може да се пофали со неговата огромна распространетост и употребливост како еден од најпознатите и најдобрите тестови за проценка на аеробната (општа) издржливост. 

 

Едноставноста на овој тест е основата на неговата популарност ширум светот. Неговата практичност е неприкосновена. Мангата зад дизајнот на овој тест е Др-Кенет Купер кој во 60-те години од минатиот век ги поставува основите на овој тест за потербите на армијата на САД, со што и дава можност за брза и ефективна проверка на општата физичката подготвеност на секоја индивидуа.

Куперовиот тест е едноставен и трае 12 минути, и доволно е да обезбедите атлетска патека, или патека која има одбележана должина за да на истекот од 12-те минути ја забележите истрчаната дистанца. Доколку имате ГПС уред тогаш можете лесно да го спроведете тестот и на неодбележани патеки. Внимавајте подлогата да биде рамна. Се друго што Ви е потребно е да имате штоперка и патики за трчање.

Резултатот се споредува со дадени вредности на табела која според пол и возрастни групи ќе ви даде описна информација за вашата кондициска спремност (добар, просечен, лош). На пример одличен резултат за мажи би била истрчаната дистанца од 2700м и 2300м за жени. Најдобро е доколку тестот се изведува на температура од 10 до 25 степени целзиусови.

Ваквиот тип на тест е одличен за тестирање на поголеми рекративни групи. Се користи во школски установи, разни институции, армија, полиција и други државни служби. Поретко се користи во спортови каде се бара поспецифични движења за време на тестот и се користат други енергетски системи освен аеробниот за време на изведбата.

Таблица за рекреативци

Таблица за искусни атлетичари

Пример

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија