Склекот наречен „Дијамант”

Понекогаш мала промена може да ја направи клучната разлика. Ајде да видиме како т.н. „Дијамант склек” ќе ве направи подобра атлета.

 

Општо е познато дека склекот е една од базичните вежби кои се незаменливи за развој на сила во горниот дел од телото. Кога еднаш ќе станете заситени од едноличноста на движењето или пак ќе сакате предизвик и мотивација повеќе време е да направите минимални измени кои ќе направат важна разлика.

Во случајов измената се однесува единствено на позиционирањето на дланките на подлогата. За разлика од склекот кај кого дланките се поставуваат во проекција на рамената, Дијаманд склекот претставува склек во кои дланките се допираат една со друга формирајќи нешто налик триаголник или дијамант. Повторувањето е вообичаено, а она што ај прави разликата е всушност изолирањето на трицепсот како главно активран мускул, но и она можеби е уште поважно е активирањето на многу други мускули во телото кои имаат форма на стабилизатори.

Веќе рековме дека примарен мускул кој го тренираме изведувајќи Дијамант склек е трицепсот кој покрај тоа што има главна улога во изградбата на големи надлактици, има и улога како стабилизатор на рамото кое пак е најкомплексен зглоб во човековото тело и кој доколку е недоволно развиен има клучна улога во дисбалансот на движењата.

Секундарно, со овој склек ги таргетирате предниот дел од рамената и мускулите на градите. Во форма на динамичен стабилизатор активен е и бицепсот кој има улога да ги држи во стабилна позиција зглобовите на раката додека пак абдоемналните мускули, страчните абдоменални мускули и квадрицепсите на нозете имаа исто така улога на стабилизатори на движењето.

Доколку сте почетници Дијамант склекот можете да го изведувате со подвитакни колена поставени на тло, додека за оние понапредните во опција доаѓаат нозе подигнати на повисок предмет или пак пилатес топка која ќе ја донагласи улогата на мускулите стаблизатори во пределот на абодменот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија