Склекот како тренинг основа

Ама баш сите што некогаш во животот инкорпорирале теретана, без разлика на кое фитнес ниво се наоѓаат сега, започнале со едноставниот војнички склек, а ако биле доволно мудри и никогаш не престанале. Девет многу фино направени видеа од страна на британскиот aksmen.com за девет круцијални начини на правење склек, кои, ако сте доволно паметни ќе ги уфрлите во вашето тренинг секојдневие.

Веќе разработивме техники на модифицирани склек изведби, но тоа беше друг тип на статија која имаше поинакви склек варијации. 

Овде следат кратки видео презентации кои многу детално ја објаснуваат изведбата на склекот, полезноста од неговото внесување во тренинг системот и таргет мускулите кои му се целна група.

Одиме постапно:

Базичен склек – Објаснување за правилната техника со контрахирани мускули во core мускулатурата и правата линија од петите до главата. Есенцијална вежба за градите. Стопирајте доколку ја изгубите формата на повторувањата, а ако направите цел век (100) во една серија, е тогаш и Др. Патрик ќе ви се поклони. 


Склек со аплауз (ок, тешко дека е аплауз. едно плескање е доволно) – Исто како базичниот склек само што плиометријата се внесува во равенката. Истата техника, само што треба да се оттурнете со рацете и да вметнете плескање со дланките помеѓу. Потежок за изведба со што 20 вакви и би биле на коњ.  


Триаголник склек – Една од подобрите вежби кои се фокусираат на внатршниот дел од градите и трицепсот. 


Спајдермен склек – Фантастична вежба за абдоминалните мускули покрај градите.


Склек со „нуркање“ – Активирање на скоро сите мускули низ телото поради неспецифичното движење кое се прави. Всушност, се вклучуваат две јога позиции во самото правење на склекот.


Наизменичен плио склек – Плиометриските склекови ја внесуваат моќта (снагата) во равенката, бидејќи се потребни експлозивни движења за постигнување на целта. Прво совладајте го основниот базичен склек, па префрлете се на ваква склек „игра“. 


Склек со допирање на надколената – Опасно добар плиометриски склек метод. Бидејќи бара добра спремност и лесно ги истоштува мускулите, пробајте да го правите на почеток од вежбањето бидејќи може да слетате на лице. 


Склек од стој на раце – Ова воопшто не се смета за склек бидејќи ги работи рамената, а не градите. Како се прави знаете, само бидете многу внимателни.


Распнат склек – Можеби еден од најтешките склекови за постигнување. Стандардна склек позиција само што тука рацете се многу пошироко поставени, а покрај градите сериозно се работи и на делтоидеусите. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија