Наслов

Силов тренинг за велосипедисти

За спортистите кои се бават со спортови на отворено како што е велосипедизмот, одењето во фитнес центри и не е најомилената активност. Да се биде опкружен со најразлични справи и машини, затворен во четири ѕида е сосема поинакво доживување од она кое ви го нуди природата. Без разлика на ставот кој го имате кон сето ова, силовиот тренинг е нешто што едноставно мора да биде составен дел од вашата омилена активност.

Првенствено, придобивките кои ќе ви ги донесе овој тип на тренинзи се нешто што го надминуваат спортскиот живот. Зборуваме за нешто кое значи поквалитетен начин на живот и ефекти кои траат подолго. Ако се бавите со велосипедизам, вашиот кардио васкуларен систем со сигурност е на високо ниво.

Но, користењето на тежини во тренинг програмата ќе ви помогне да разиете мускулна издржливост, посилни сврзни ткива и поцврсти коски. Тоа пак значи повеќе и поквалитетно време поминато на тренингот со велосипед притоа со значително намалени шанси за повреди.

Тренингот за сила кај спортистите кои се бават со спортови на издржливост не треба да претставува бесцелно губење време во фитнес центрите. Напротив, практикувањето на едноставна програма која вклучува функционални вежби со кои се тренинраат големите мускулни групи на телото е нешто што ви е потребно.

Ваквиот тренинг треба да биде застапен 2 пати неделно и не би требало да трае повеќе од 40минути. Еве некои од вежбите кои со сигурност би требало да бидат дел од вашиот силов тренинг.

Бугарски исчекор

За бугарскиот исчекор сме пишувале и претходно. Одлична вежба за силни нозе. Земете тежини во двете раце, едната нога подигнете ја на клупата за бенч. Спуштајте се додека коленото не се свие во агол од 90 степени. Направете 3 серии со по пет повторувања на секоја нога

Преса за рамо

Пресата за рамо е одлична вежба со која се работи на рамената но и на мускулите на рацете и грбот. Земете тежини во двете раце и поставете ги над рамената. Исфрелете ги над глава и полека спуштајте надолу. Направете три серии со по 6-8 повторувања.

Австралиски згибови

Австралискиот згиб е одлична вежба за целосната грбна мускулатура, Дополнително значително е полесен за изведување од обичниот згиб бидејќи се работи со помала тежина. Поставете се во хоризонтална позиција под пониско поставена шипка или фатени за ниско поставени карики (прстени/TRX). Рацете нека бидат комплетно исправени. Подгинете се додека со градите не ја допрете шипката. Направете 3-4 серии со по 8 повторувања.

Фармерско одење

Фармерското одење е едноставна вежба која  во исто време го активира целото тело, нозе, раце, грб, гради, стомак. Во двете раце земете тежини кои се тешки но кои можете да ги издржите. Исправете го грбот, погледот нека биде вперен напред. Правете кратки и контролирани чекори. Направете 3 серии со по 50тина метри одење.

03 Мај 2017

За авторот