Штица на TRX за поголем стомачен ефект

Ако случајно сретнете некој TRX систем за вежбање како виси во теретаната, или пак ви поработи имагинацијата и си направите нешто вакво сами, искористете го за малку поинаква изометрична вежба бидејќи дупло се одразува, особено на мускулите на трупот.

Штицата (plank) претставува едноставна изометрична вежба која има длабок позитивен ефект врз повеќе мускулни групи, особено врз мускулите на трупот. Со оглед на потребите да се размрда нешто ново на полето на овој тип на вежби, направена беше студија преку која беше тестирана мускулната активација (преку електромиографија) кај различни типови на штица, предоминантно со користење на TRX системот за вежбање.

Направени беа четири варијации:

  • стандардна штица со лактите на под
  • штица со рацете суспендирани на TRX
  • штица со нозете суспеднирани на TRX
  • штица со рацете и нозете суспендирани на TRX

за да се тестира ефектот на овие вежби врз мускулите на абдоменот како и еден мускул од ногата (ректус феморис).

Резултатите од експериментот покажаа дека целиот труп се активира многу повеќе во сите суспендирани веријанти на вежбата за разлика од обичната верзија на под, а најмногу овие мускули биле активирирани во втората и четвртата варијанта каде што резултатите беа идентични.

Спротивно на мислењето, варијантата четири (суспендирани и раце и нозе) не дала поголеми резултати во абдоминалната мускулна активација од останатите суспендирани методи, па така не мора да се мачите во нејзината изведба. 

Како заклучок можеме да извадиме дека самата штица како вежба, особено кога има можност да се изведе на ваков начин е одлична вежба за абдоминалните мускули, особено за зголемување на нивната издржливост.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија