Плио за на плажа

Неколку опции за малку плиометриско разбивање на досадните моменти на плажа. Постиравме опција и за девојките која одлично беше прифатена, па еве и малку за момците и тоа ништо друго туку одличен кружен плио тренинг за во песок.

Поради физичките карактеристики на песокот и отпорот кој тој го создава потребно е додатно активирање на core мускулатурата, а бидејќи тој е помек (од останатите површини), не се прави додатен стрес на зголобовите, па плиометријата може да се однесе на повисоко ниво.

Вежбите се така дизајнирани со што се зајакнуваат функционалните движења на телото за летните активности како пливање и одбојка. Башка, тие одлично се одразуваат на фитнес нивото и скулптурата која ќе ја шетате на плажа.

Кружниот тренинг нека биде составен од овие шест вежби без паузи меѓу нив. Направете 2 до 3 серии и меѓу сериите направете една минута пауза. После тоа имате заслужен одмор.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија