Нов светски рекорд во планк

На 28 јуни оваа година 60-годишниот Џорџ Худ постави нов светски рекорд во непрекинато држење планк во една позиција.

Ако некогаш сте се бавеле со спорт сигурно сте изведувале планк(штица) во сите можни варијанти. Знаеме дека е исклучително ефикасна вежба за целото тело, но исто така знаеме дека е неверојатно тешка да се издржи непрекинато повеќе од 2-3 минути.

Поранешниот маринец кој моментално работи како фитнес инструктор во градчето Напервил, Џорџ Худ, на 28 Јуни на настан од хуманитарна природа успеа да постави нов светски рекорд во држење планк. Новиот рекорд изнесува 10 часа, 10 минути и десет секунди. Да, добро прочитавте и не е грешка. Со ова време тој го подобри стариот рекорд, сопственост на Мао Веидонг од Пекинг, кој изнесуваше осум часа и една минута.

На настанот Џорџ во суштина сруши два рекорди. Првиот за најдолго непрекинато држење на планк и вториот вкупно време на држење планк за време од 24 часа за кое тој успеал да собере вкупно време од 18часа 10 минути и 10 секунди во вкупно три обиди. Импресивно зар не?

За време на поставувањето на рекордот Худ потрошил повеќе од 3000 калории а по завршувањето изјавил дека се чувствува како целото тело да му гори.
Покрај овие рекорди тој е сопственик и на рекордот за непрекинато вртење на статичен велосипед кој изнесува 111 часа.

Импресивно и инспиративно зар не? Ајде сите во планк предизвик!

Подолу споделуваме едно постаро видео на Џорџ каде опишува дел од неговите дневни тренинг рутини потребни за да го подготват за новите рекорди.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија