Направи склек и дај си аплауз

Кога мислиш дека соодветно ги владееш склековите и дека можеш во серија да направиш барем триесетина тогаш е време за нешто посериозно.

Склекот е задолжителна вежба без разлика на тоа со кој спорт се тренирате единствено на рекреативно ниво. Тоа е функционална вежба за горниот дел на телото и одличен тест за снага. Ја изведуваме од најмала возраст и би се рекло дека нè следи постојано низ животот. Едноставна е и супер ефективна.

Варијации на тема склек има безброј и сите тие имаат свое зошто и затоа. Ова за што ние ќе зборуваме е вежба за напредни вежбачи кој во буквална смисла ќе ја стави на тест нивната снага.

Склекот со аплауз, односно склекот со кој во воздух ги плеснувате дланките една од друга е најексплозивната варијанта на склек која можете да ја изберете и со која ќе активирате екстра мускулни влакна.

На прво место изведувајќи ја оваа вежба ќе работите на вашите гради и раце (особено трицепс), но се разбира дека бенефит од сето тоа ќе види речиси целото тело. Сепак најголема придобивка од ваквите склекови е експлозивноста односно таргетирање и развој на мускулните влакна кои имаат брза контракција.

Оттаму, склековите со аплауз ќе бидат и повеќе од корисни и добредојдени за спортисти кои практикуваат спортови во кои е потребна експлозивна сила како: кошарка, одбојка, боречки вештини итн. Исто така редовното практикување ќе ви помогне побрзо да го максимизирате учинокот во бенч прес. Ако пак не сте до толку сериозен или активен спортист тогаш оваа вежба може да биде и добра забава, но бидете внимателни за да не завршите со повреда на лицето.

Што треба да знаете пред да почнете со овие склекови?

Најважно е дека ова не е вежба за почетници. Доколку не сте во можност да направите барем дваесетина или триесетина склека најдобро е и да не пробувате. Понатаму би требало да знаете и дека секоја вежба која вклучува скокање или експлозивно оттурнување предизвикува голем стрес и можност за повреда на вашите зглобови. Исто така би било добро да напредувате во фази или пак етапно да ја поделите вежбата и на тој начин да ја вежбате моториката на истата.

Во тоа особено би било корисно да се изведува плиометриски склек или склек со рацете поставени повисоко во однос на нозете. Превентивно, сефтето направете го на помека подлога за да не морате да објаснувате како сте атерирале на нос.

Во продолжение погледнете ја техниката на изведување:

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија