Моето искуство на Охридскиот Маратон

Прва цел ми беше да ги истрчам 30 км во тоа и успеав минатата 2014 година имав резултат 2 часа 58 минути 48 секунди тоа ми беше голем мотив за да продолжам со секојдневно тренирање.

 

Денеска не успеав да го срушам минатогодишниот резултат првите 20 км имав добро темпо но ми се појави неочекувана болка на листот и морав да го намалам темото последните 5 км ги трчав со слабо темпо, имав резултат 3 часа 13 минути и бев во средината. Ова е добар успех за моја возраст земав награда за најмлад учесник но нема тука да застанам продолжувам да тренирам и да освојувам уште подобри места и да го остварам мојот сон.

Спортски поздрав до сите учесници на Охридскиот Маратон