Мини програмче за силни бутчиња

Голем број од оние што редовно вежбаат забораваат на многу базични работи, како на пример редовно да се хидрираат или да направат партија нозе (особено мажите). 

Што од тоа се заборава од немукает, што од ставот (нозете не се важни, рацете се) или од нешто друго сепак повеќето ќе се сложат дека на нозете често не им се дава значајно место во тренингот.

Затоа еве ви еден мал дозер кој што ќе биде одличен за да ги затегнете нозете а притоа и да направите малку кардиоваскуларен тренинг.

Загрејте се со лесно трчање десетина минути, направете малку динамичен стречинг и започнете. Помеѓу сериите направете пауза од 20 -30 секунди.

  • Направете 3 серии од 25 чучнувања, внимавајте на постурата и дишењето. 
  • Направете 5 серии со 8-10 скокови од клекната позиција редоследно. 
  • 3 серии од 90 секундин на исчекори во движење, ако немате доволно простор и не сте на отворено, направете во место наизменично. 
  • 4 серии од 30 секунди Брпи, доколку ви се силите при крај за да го избуткате Брпито тогаш заменете го со оваа вежба
  • На крајот направете 10 мин лесно трчање и стречинг.

Ако ви фати око програмата правете си ја 2 пати во неделата, ќе ви биде одличен бонус.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија