КросФит Скопје Зимски Предизвик 2016

Овој викенд во просториите на КросФит Скопје се оддржа 5-от КросФит Скопје Зимски Предизвик.

Петта година по ред ја градиме традицијата на единственото КросФит натпреварвање во Макeдонија, Зимски предизвик. Воедно оваа година со овој натпревар одбележивме 5 години постоење на КросФит Скопје како официјален КросФит клуб. Како и секоја година целата на ова натпреварување е да преку дружење, забава и тимска работа ја тестираме физичката подготвеност во различни области. Традиционално имаме гости од соседна Србија, но овој пат дојдоа 20 натпреварвачи од различни градови за сите категории. Особено сме горди што ова напреварвање ја добива оваа меѓународна димензија.

Форматот на овогодишното натпреварувањето беше тим од двајца машко-машко или женско-женско кои се натпреваруваа во три категории, Rx – елитна категорија (за оние кои веќе тренираат КросФит на натпреварувачко ниво), Scaled – прилагодена категорија (за оние кои рекреативно се занимаваат со КросФит) и за прв пат оваа година имавме Sport – спортска категорија (за сите останати кои се занимаваат со фитнес). Секоја категорија имаше посебно одбрани вежби кои ги тестираат кардиоваскуларната издржливост, општата телесна издржливост, флексибилноста, снагата, силата, брзината, прецизноста, агилноста, тимскиот дух и тимската работа, а воедно беа доволно интересни да го привлечат вниманитето на повеќе од стотина посетители во нашата скромна сала.

Во елитната категорија се натпреваруваа 5 тимови и тоа: 2 тимови на КросФит Скопје, 1 тим од Нагоми од Скопје и 2 тима од КросФит Фабрика од Ниш. Во оваа категорија победи тимот Muscle Factory од КФ Фабрика.

Во прилагодената категорија која воедно беше најинтересна и најкомпетитивна се натпреварваат 18 тимови и тоа: 7 тимови на КросФит Скопје, 4 тимови од КФ Фабрика, 4 тимови на Фитнес Револуција од Ниш, 2 тимови од Нагоми од Скопје, 1 тим кој индивидално се пријави. Во оваа категорија победи Runto Team од КросФИт Скопје.
Во спортската категорија се натпреварваа 5 тимови: 2 тимови од Будо Фитнес од Велес, 1 тим од Нагоми, 1 тим од Алебрас Фитнес и 1 тим индивидуално. Во оваа категорија победи Omega Nagomy.

Атмносферата беше на завидно ниво каде енергијата на публиката ја пренесуваше постојано на натпреварувачите. Најкарактеристично, а воедно е новина во нашето спортско секојдневие да оние натпреварвачи кои ќе ја завршеа вежбата први ги бодрат останатите да ја завршат. На ова бодрење публиката со нејзината енергија даваше дополнителен ефект да се извадат последните атоми на енергијата и да се заврши вежбата. Па така, оној тим кој остануваше последен да ја доврши вежбата, се бодреше и славеше небаре е победник.

Искрено тешко се опишува оваа несекојдневна енергија и атмносфера на КросФит Скопје и Зимскиот Предизвик, туку мора да се доживее. Затоа повелете во нашиот клуб и некој од тренинзите да ја видите и осетите таа енергија, бидејќи никогаш не се знае, можеби на следниот Зимски Предизвик оваа енергична публика ќе навива за вас. 3, 2, 1 СТАРТ!