Комитски тренинг на Гоцева чешма
Триово со слично видео го имавме пред повеќе од една година. Тогаш беа мускетари, a сега под локално влијание ги именувавме како комити, ама и во двата наврати тие ги појаснија основите на сериозните интервални тренинзи. И овојпат, тренингот исполнет со иновативни вежби полни со одлични тежини и повторувања, изведувани под падините на планината Водно, некаде кај Гоцевата чешма..
Тренингот изгледаше вака:
3 серии од:
– 25м фармерско одење (140кг тракторска гума)
– 25м превртување тракторска гума (140кг)
– 10 кревања на руско ѕвоно над глава со една рака (36кг) – jerk
– 2 качувања на јаже високо пет метри, само со раце
– Трцање 200м (100м угорница)
Комитите се:
Гоце – Огнен Бражански – Фитнес Револуција
Даме – Даниел Трбогазов – Мој Тренер
Питу – Филип Арсовски
и Ѓорче позади камера – Игор Јовановски