Бугарски исчекор – комшиски рецепт за силни нозе

Постојат безброј вежби за овој дел од телото, а сите оние кои се базираат на едноставното чучнување и исчекорот се едни од најдобрите. Доколку сте во потрага по некоја нова варијанта на вежба за нозе која на максимален начин ќе придонесе за развој на нивната сила и ефективност, тогаш буграскиот исчекор нека биде неизоставен дел од вашиот тренажен циклус за сила.

Силни и функционални нозе се основа на речиси секој спорт. Со редовното практикување на тренинг за нозе пред се ќе го намалите ризикот од повреди, но исто така и ќе придонесе да бидете побрзи, поиздржливи и поексплозивни.

Постојат безброј вежби за овој дел од телото, а сите оние кои се базираат на едноставното чучнување и исчекорот се едни од најдобрите. Доколку сте во потрага по некоја нова варијанта на вежба за нозе која на максимален начин ќе придонесе за развој на нивната сила и ефективност, тогаш буграскиот исчекор нека биде неизоставен дел од вашиот тренажен циклус за сила.

Бугарскиот исчекор е вежба која има историја од речиси 30 години. Оригинално измислена од тренерот на бугарските дигачи на тегови, Ангел Спасов, денес е широко прифатена вежба која се користи насекаде во светот. Може да се изведува било каде и за неа не ви треба речиси никаква опрема. Сè што ви треба е клупа или било кој предмет на кој ќе ја поставите едната нога и било каква тежина која ќе ја држите во вашите раце – прикажано на погорното видео.

Идеална е и за почетници и за професионалци бидејќи без разлика на какво ниво ја изведувате оваа вежба, бенефитите од неа се несомнени.

Еве некои од нив:

Поголеми и посилни нозе
Општо познат факт е дека секоја вежба која подразбира исчекори, придонесува за развој на мускулите на вашите нозе како што се: квадрицепсите, листовите и задната ложа. Кај бугарскиот исчекор овој ефект е зголемен заради изолираното вежбање на нога по нога.

Зголемена потрошувачка на масти
Да не заборавиме дека најефикасниот начин за брзо топење на мастите е создавање на поголема мускулна маса. Со други зборови, трчањето или било која кардио вежба не е доволно ако ваша цел е топење на масните наслаги. Затоа, редовниот тренинг со тежини или силов тренинг мора да биде дел од вашиот тренажен процес. Бугарскиот исчекор е докажано вежба која е една од најдобрите за додавање на мускулна маса.

Намален ризик од повреди
Ако се бавите со спорт, веројатно сте биле повредени. Најчеста причина за повреда не е вашата спортска опрема туку недоволната сила и еластичност на вашите мускули и меки ткива. Движењата кои се изведуваат при оваа вежба ќе приоднесат за пофлексибилни и поцврсти ткива на вашите нозе што е основа за намалување на ризикот од повреди, како и за подобро и побрзо справување со веќе постоечките повреди.


Други источно-комшиски рецептури – БУГАРСКА ВРЕЌА


Подобри стомачни мускули

Ако мислите дека правењето на стандардните стомачни ќе помогнат за топење на масните наслаги на вашиот стомак тогаш се лажете. Доколку сакате видливи стомачни мускули тогаш изведувањето на вежби за целото тело, како што е исчекорот, е вистинскиот избор за вас. Ваквите вежби ќе ја зголемат потрошувачката на калории на целото тело и ќе го донесат во тон целото тело, вклучувајќи го стомакот, грбот и нозете.

За крај треба да знаете дека оваа вежба е неверојатно безбедна за изведување, но без разлика на тоа, доколку сте почетник немојте да претерувате со тежините. Правилната форма на изведување е најважна. Вметнете го бугарскиот исчекор во вашиот тренажен процес и станете побрзи, посилни и поиздржливи.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија