Бојан, Александар, Саша и Никола:

Зимско искачување на Гросглокнер преку Штидлграт

За реализација на целата тура ни беа потребни три и пол дена, додека самото искачување од домот „Штидл” (Stüdlhütte 2802 m) до врвот го направивме точно на осми март, поделени во две наврски (Б. Митаноски – А. Кирковски и С. Грбиќ – Н. Андоноски), за време од 11 и пол часа.

Гребенoт Штидл или Штидлграт (Stüdlgrat, 500m, UIAA III IV-, AD) е гребенска насока која води до највисокиот врв во Австрија, Гросглокнер (Großglockner 3798 m). Насоката за прв пат е искачена од двајца локални водичи од гратчето Калс во септември 1864 година, со логистичка помош на уште неколкумина. Идејата била да искачи нова насока со директен пристап од Калс, враќајќи му го приматот меѓу посетителите. Денес насоката е доволно добро обезбедена со низа експанзивни клинови, а поставени се и сајли на две од клучните места. Меѓутоа во зимските месеци добар дел од ова обезбедување е под снег. Идејата да го качиме Штидлграт во календарска зима произлезе од Саша Грбиќ на почетокот на декември, а екипата брзо се комплетира уште со Бојан Митаноски, Александар Кирковски и Никола Андоноски. Се чекаше само погоден викенд со добри услови за искачување, а тоа се случи на почетокот од март.

За реализација на целата тура ни беа потребни три и пол дена, додека самото искачување од домот „Штидл” (Stüdlhütte 2802 m) до врвот го направивме точно на осми март, поделени во две наврски (Б. Митаноски – А. Кирковски и С. ГрбиќН. Андоноски), за време од 11 и пол часа. Тоа е побавно од предвиденото, но сосема вообичаено за едно искачување направено во зимски услови во календарска зима. На наше изненадување друштво на насоката ни правеа и две наврски австријци, алпинисти со турно-скии, со кои речиси во исто време го искачивме врвот. Симнувањето го направивме преку класичната насока, со едно преноќување во зимската соба на домот „Ерцхерцог Јохан” (Erzherzog Johann 3454 m). Прекрасна насока која искрено ја препорачуваме.

Во продолжение уживајте во кратко видео од искачувањето:

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија