Зимска медитација на Миленков Камен

Спортивно на сите временски прогнози и наши претпоставки за исходот на денот, Караџица во саботата гостопримливо прими група од 30-тина планинари на најубавиот можен начин за завршување на една убава година. 

Буквално на никој не му се веруваше дека може да се наиде на толку убава и пријатна зимска атмосфера, но природата си го направи своето и ова беше буквално зимска тура од соништата. 

Иницијативата и организацијата на турата беше комбинирана, од страна на неформалната група планинарски зависници I love hiking и планинарските друштва „Еделвајс“ и „Макпетрол“ и истата беше за пофалба во однос на водењето на групата во зимски услови. 

На спуштање од врвот во прегратки на Караџица беше направена мала пауза за уживање во локалните македонски благодети како шопската која беше сецкана на лице место (и имаше ренде), прекрасното црвено вино и вкусните парчиња сирење и кашкавал.

Ден кој тешко дека ќе се заборави.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија