Конектинг Битола 3.0

Зачеток на една убава битолска традиција

Токму она што му беше потребно на прекрасниот Пелистер и богатата битолска историја со планинарењето, организиран зимски марш до „Антена“ по „Патеката по камењарот“. Свежо, убо, посетено, зачинето со мајтап и со идеја да се претвори во традиција. Затоа што Пелистер го заслужува ова!

Викендов на 23.02.2014 година во организација на ПСК „Димитар Илиевски – Мурато” од Битола беше одржан првиот зимски марш на Пелистер по атрактивната патека „Камењар” сè до врвот Пелистер, „Димев врв“ (2601 м.н.в). 

На маршот се појавија околу 60тина души до различни делови од државата, а искачувањето помина во најдобар ред. Времето нè послужи со одлични услови за качување кое беше исклучително интересно по „Патеката по камењарот“.

Со оглед на тоа што ова е првиот организиран зимски марш на Пелистер кој што има намера да прејде во традиција, наше беше да се појавиме и да документираме во нашиот мал концепт „Конектинг Битола“ каде што ги опфаќаме спортско-рекреативните приказни од овој прекрасен крај.

Искрено се надеваме дека малава репортажа ќе ви се допадне и поттикне да појдете во било кој планински предел од Македонија и да започнете да уживате во овој прекрасен спорт.

Затоа што Македонија има планинарство и алпинизам!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија