„Војна на голманите“ со младите таленти на ФК Вардар

За време на јануарскиот продолжен одмор имавме можност да присуствуваме на еден несекојдневен тренинг на голманите во школата на ФК Вардар воден од тренерот Слободан Мутибариќ. 

Младите голмани на ФК Вардар под водство на Слободан Мутибариќ дента имаа малку поинаков тренинг кој е добар за опуштање на играчите преку меѓусебни двобои. Целта на играта е да се дадат што повеќе голови од противникот, дозволени се фрлање со раце и шутирање, а головите се наместени на помало растојание.

Двобоите се одвиваат брзо и континуирано со што младите се во можност да развијат брзо размислување и реакција како и осет за бранење. Сето ова делува позитивно бидејќи е во опуштена и релаксирана атмосфера.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија