Во чест на човекот што можеше да лета

Дин С. Потер (14 април 1972 – 16 мај 2015).

Дин Потер беше еден од најистакнатите американски екстремни спортисти кој се бавеше со слободно качување, БЕЈС скокање и одење по жица. Тој беше еден од пионерите на слободните соло и брзински качувања на долгите насоки во националниот парк Јосемити, но и во Патагонија, а дополнително активно се бавеше и успеа да помине поголеми линии со одење на жица главно неосигуран. 

Во еден период од неговиот живот тој се преориентира на слободни скокови со падобран но и со летање со костум (wingsuit), работа која му стана доминантна окупација. Во 2012 National Geographic снимаше документарец токму за Дин насловен The Man Who Can Fly (Човекот што може да лета). 

Како дел од тој документарец е и славниот кадар на Дин кој „чекори” на месечината снимена од страна на Мики Шефер за потребите на филмот. 

Дин загина на 16 мај 2015 година заедно со неговиот пријател Грахам Хант откако не успеаја да избегнат гребен летајќи со костум во долината Јосемити. 

Следи трејлер за филмот „Човекот што може да лета”

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија