Наслов

Највисоката "Хајлајнинг" линија во Македонија!

Во моментов највисоката линија во Македонија, а јас првиот што поминува високи линии! Чисто, од точка до точка! И тоа од прва, on sight. 

Хајлајнинг претставува поминување на растегнато јаже или лента помеѓу две точки, на висина повеќе од 11 метри.

Ова ми е втора висока линија што ја имам поминато! Првата ми беше поставена со јаже од 16 мм, долга 15 метри, а висока 30 метри, во близина на црквата Света Недела на Матка! Вторава, на видеото и фотографиите ја поставив со лента (Slackline) 25 мм. Долга е 16 метри, висока преку 70 метри! Поминувањето го направив на 10.03.2018 во близина на врвот Раса!

За прв пат во Македонија "Хајлајнинг" имаат поставено Словенци од тимот на "BALANSA SLACKLINES" од Љубљана. Три долги линии со висина од 17, 40 и 55 метри, на карпите во близина на манастирот Трескавец во Прилеп!

14 Март 2018

За авторот