Случајни средби

Наслов

Усеин Болт од Охрид на 74 години

Иако дојдени за друго, ден пред нова година, на тартантот на СРЦ Билјанини Извори се појави Миле, со своите Асикс спринтерки, хронометар, тефтерче и 74 години активен живот. 

Штом дознавме дека Миле Христовски е дојден да тренира, камерите си го завршија останатото..

Миле на своите 74 тренира редовно, член е на здружението на пензионери при Охрид и Дебрца и член на комисијата за спорт при ова здружение. Воедно тренер и натпреварувач за атлетската екипа на здружението кое 2 години по ред е на прво место во целокупен пласман. Миле бил професор по физичко во Охридската Гимназија 40 години а сега си ужива во пензионерско спринтерските години. Како и да гледаш, капата доле, за Миле. 

 

други случајни средби

02 Јануари 2013

За авторот