Ултрамаратонот од аспект на возрасен волонтер на контролна точка
Многумина ултрамаратонци не се ни супер жени, ни супер мажи, но имаат нешто заедничко – сите ја имаат откриено радоста на трчањето во природа. Нема граници на возраст, нема полова, расна ниту национална делба, единствено има една цел – целта.
Ултрамаратонот е дизајнирана спортска активност за тестирање на физичката и менталната издржливост во природа. Најголема награда е да се победат моќните стази на ултрамаратонската сценографија.
Овие настани се трансцендентални искуства во природа подржани со многу ендорфин и задоволство. Тркачките стази во природа се опкружени со спектакуларни места, позиции и визуси зависни од временски погоди и состојби кои секогаш нудат уникатни вредности.
Трчањето во природа регрутира многу мускулни групи, изискува добра физичка подготовка, но и изграден ментален статус за вакви подвизи. Во основа ултрамаратонот ги задоволува нашите вродени потреби за трчање, ние сме родени да трчаме. Врска со природата е назначена кај секој ултрамаратонец.
Радоста која се гледа кај секој ултрамаратонец на контролна точка заради напредок во трчањето, потреба од сигурност, евентуална помош, вода и храна е споделена радост и на секој волонтер.