Тур де Франс директно од гужвата

На почетокот на 102-то издание на најпознатата велосипедска трка на светот најавено беше вмешување на прсти на ГоПро камерите во овој луд друмски циркус. Одиме директно од гужвата каде голема доза на страст, акција, адреналин, лактање (користење на лактот како главно оружје), пцуење, тркање, лизгање на асфалт, многу тенки гуми и уште повеќе адреналин. 

Погоре се прикажани секвенци од првата до седмата Тур де Франс етапа оваа година со најинтересните моменти вклопени во еден клип. ГоПро оваа година договори можност за внесување на малите камери во тимовите кои учествуваат но не за директно емитување на снимките туку за доловување на акцијата преку вакви клипови.

Дел од интернет информациите велат дека целата на ГоПро во иднина ќе биде да се направи и директно емитување на кадри од овој настан. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија